Никола Стоилковски работи како програмер на 20 години!

Никола ни се погоди во Brainster како сонце за викенд – совршено. Има 20 години и сакаше да стане програмер за пократко време отколку што дозволува формалното образование. Во октомври стана дел од Академијата за Front-End програмирање, а како и секогаш најдобрите учесници ги задржуваме во Brainster. Во моментов работи како Front-End Developer, Project Leader и UX Designer за нашите сегашни и идни проекти, а во слободно време ги чита сите најдобри книги за стартапи и технологија!

Кој е Никола во две-три реченици?

Две природи. Иноваторот во мене верувајќи дека се’ може да биде поефикасно, поставува предизвикувачки прашања и нуди застрашувачки идеи. Неговиот најдобар (не)пријател – The Continuous Improver му помага кога треба да биде трпелив, но истовремено заборава дека Иноваторот секогаш сака нешто ново. Вечна борба.

Кога и како почна да програмираш?

Уште во средно. Не ме интересираше во почетокот многу пишување код, љубопитноста дојде спонтано. Имав многу митови околу програмирањето, дека треба да си роден за да бидеш програмер, “програмерот го пишува кодот без гледање во тастатура” (читај програмер од филм)…  Кога почнав да поставувам подобри прашања, односот кон програмирањето драстично се промени. Сфатив дека mindset is everything. Учев по 15 часови дневно од најдобрите ментори на Академијата. Длабоко верував дека сум програмер уште пред да бидам, така што и самиот универзум ми ги отворите сите потребни врати за да навлезам во ова поле. Најголемaта промена беше од тоа колку сум добар во колку добар сакам да бидам. Кога станав свесен за сите овие промени, тогаш навистина почнав да програмирам.

Кој е патот што треба да го изоди оној кој почнува со програмирање од 0?

Програмирањето е маратон кој не завршува. Секој почнува од 0. Од тебе зависи какви стратегии ќе користиш за да си во тек со трендовите. Со учење на еден програмски јазик, секој нареден е полесен. Клучниот момент за програмерот е long-term играта. Секојдневно се менуваат, додаваат нови јазици, промени, новитети, затоа lifelong learning is by default. Кога си почетник, најчесто страдаш од imposter syndrome. Многу од работите што се во книги, туторијали, ретко ќе ги користиш. Принципот 80/20 ќе ти помогне во селекција на најкорисните методи. Размислувај за импактот кој можеш да го направишво светот со една веб страна или апликација. Никогаш повеќе нема да те спречат “препреките”. Се’ започнува и зависи од тебе. Исто така, гледам доста луѓе пишуваат нешто како Beast-Mode-On. Тоа е за губитници, за луѓе што размислуваат short-term. Нема копче on/off, не се гаси Beast Mode, тоа не е mode, тоа е навика, начин на живот, нешто што треба да е константно.

Како ти изгледа еден работен ден?

Кафица и организирање на најважните задачи за денот @ 8am. Состанок со тимот за подобрување на ракетите. Да, кодирам во тек на целиот ден, но исто така голем дел од времето вложувам и во UX за да знам точно во детали што се случува за секој дел од Web страните. Имам флексибилно работно време, што многу ми значи. Секојдневно учам од луѓе кои се подобри од мене. Поставување на RAQ (rarely asked questions) ми отвара нови хоризонти. Поради тоа, по завршувањето на работно време започнува вистинската работа со Петар. Многу брзо ми поминува времето бидејќи работиме на нешто што не ти треба аларм за да те разбуди или додатна мотивација за да останеш подоцна. The Big Picture is greater than sleeping.

На какви проекти работиш во моментов?

Замисли да работиш на нешто кое си сакал да постои кога најмногу ти било потребно? Моментално работам на таква платформа на меѓународно ниво која ќе промени цела индустрија. Освен техничкиот дел како кодирање, UX, многу помоќен дел на кој работиме е поврзаноста со клиентите. Најголемата предност е дека поминуваме низ пат кој никој не го поминал. Имаме голем предизвик пред нас, па и најситните детали ќе бидат на next-level. Најдоброто допрва следи, be ready for it.

programer vrabotuvanje

Trending Stories That Might Interest You