Само 10% од производите успеваат да преживеат повеќе од 2 години на пазарот. И тоа не е затоа што тие се најдобрите производи што постојат. Напротив, на успешниот бизнис, не му треба само добар производ, туку и добар маркетинг.

Ако сакаш да го претвориш твојот бизнис или продукт од интересен концепт во ветувачка комерцијална можност, тогаш подобро ќе биде да стекнеш одредени вештини и тоа брзо. И нешто што треба веднаш да престанеш да го правиш, е да мислиш дека тој функционира исто како во 2010-тата година. Веќе е 2019-та и многу нешта се променија.

Најголемите предизвици на самиот почеток се: да се продаде производот, да се обезбеди редовно примање со цел да се овозможи зголемување на понудата, да се изгради инфраструктура, да се платат вработените и покријат трошоците. Каде тука се вклопува маркетингот?

Размисли на твојата стратегија за пристап кон пазарот

Голем дел од бизнисите целосно се фокусираат на градењето на нивниот производ и воопшто не размислуваат на нивната стратегија за маркетинг. Секако дека производот е од најголема важност, но треба да имаш разработено и план за тоа како ќе го понудиш истиот на пазарот.

Ако сè уште си во постапка на развој на производот тогаш барем 50% од твоето време треба да биде посветено на маркетинг т.е на развивање на content стратегија, подготовка на PR kit, пронаоѓање и контактирање на новинари кои ги покриваат темите поврзани со твојот производ, создавање на содржина, гостинско блогирање, развој на базата на е-мејл адреси, brainstorming итн.

Ако можеш да одговориш на прашањето: “Како планираш да ги добиеш твоите први 50 клиенти?”, значи дека веќе имаш подготвено добар план за маркетинг. Одговорот не треба да гласи дека ќе ги добиеш преку реклами на Facebook. Започни со тоа што ќе идентификуваш мал број на специфични клиенти (или компании, ако си B2B играч). Обиди се да се ставиш на нивно место и смисли начин на кој што твојот производ може да му реши проблем на клиентот. Не зборувај за твојот производ, туку за неговите предизвици.

Развиј ја твојата MVB (Minimum Viable Brand) наместо MVP (Minimum Viable Product) пред да го лансираш твојот производ

Ако не си запознаен со концептот на MVP (Minimum Viable Product), тогаш ќе се обидеме да ти го објасниме на кратко. Стана популарен благодарение на Eric Ries кој го напомена во The Lean Start-Up. Тој претставува начин да се тестираат претпоставките за производот кој располага со минимален буџет. Од друга страна, MVB ги вклучува основните елементи на брендирање неопходни за да се воведе хармонија во тимот и да се утврди дека секој работи кон некоја цел.

Твоето MVB можеш да го развиеш при одговарање на следните прашања:

  • За што се грижиме најмногу?
  • Во што веруваме?
  • За кого го правиме ова?
  • Што не разликува од останатите?
  • Што нудиме? (Од искуство)
  • Како изгледаме? (лого, дизајн, текст…)

Ако сакаш да го истражуваш дигиталниот пејсаж, да дознаеш во што си добар или да започнеш нова кариера – тогаш овој курс е за тебе. Запознај се со основите на дигиталниот маркетинг, научи што е маркетинг стратегија која влијае на бизнис резултатите и стигни до таргет публиката со правилно поставување на цели и KPI’s. Регистрирај се тука.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА