Додека не пробаш нешто, нема да знаеш. Нешто како фактот дека Ненад никогаш не очекувал Content Marketing толку да му оди од рака! Ненад Јовиќ е моментален учесник на Академијата за Маркетинг, прочитајте што има да сподели 🙂
Уписите се во тек. Види ја програмата на: http://marketpreneurs.co/
Здраво Ненад! Дел си од Академијата за маркетинг. Зошто реши да се пријавиш на 16 неделната и интензивна програма?
Имаше еден дел од Facebook кампањата на Brainster која ми привлече внимание а тоа беше “let’s build some rockets together”. Како мал сакав да бидам астронаут, а и времето кое го поминав играјќи си криенка со професорите по универзитетските ходници да го посветев на учење ракетна наука… сигурно ќе научев како се прави ракета барем до пола! 🙂 Ова ми беше првиот тригер. Вториот момент беше “работата на реални проекти”, реченица која ми упадна во очи во првиот момент кога ја видов. Така, решив во еден наврат да си ја задоволам желбата за ракети и наука, и да го надокнадам недостатокот на практично знаење од формалното образование. И искрено во Brainster ги најдов и двете, ракета се уште немам направено, ама со mindset-от кој се здобив мислам дека и тоа ќе ми појде од рака.
Сподели ни како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од предавањата!
Секогаш има простор за учење на нови работи без разлика колку време инструкторите ни посветуваат за време на предавањата, а ни посветуваат многу. Бидејќи голем дел од работите се практични, секогаш пробувам дома сам, без помош да го реплицирам тоа кое го имам научено на предавањата и да го применам во други околности. Континуирано учење е најдобриот начин.
Кои 3 работи што ги научи до сега ти беа фасцинантни и вистинско откритие?
Најинтересно ми беше тоа во колкав дел од дигиталниот свет е вклучена психологијата и познавањето на навиките на луѓето. Истовремено колку начини има да се направи нешто без претходно професионално познавање на некоја област. Најголем впечаток ми остави брендирањето. Тоа е област којашто дефинитивно сакам подобро да ја запознаам и научам.
Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил најмногу впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоил?
Дефинитивно mindset-от на инструкторите и луѓето со кои сум опкружен. Некои 3 месеца сме заедно, а веќе се чувствувам како сите да сме едно големо семејство. Позитивната енергија и секојдневниот обем на идеи е едноставно неверојатен, тоа е спој што мислам дека ретко се наоѓа на друго место. Сите книги за self – improvement почнуваат со некоја реченица слична на – “it’s all about the mindset”. До пред некое време тоа ми изгледаше како нешто апстрактно и недостижно, а чувството конечно да се види тоа во пракса е одлично.
Што сакаш да усовршиш во моментов, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?
Сакам повеќе внимание да посветам на Instagram и Facebook рекламирањето. Дефинитивно сакам да навлезам во новите трендови на рекламирање на Facebook затоа што како социјална мрежа многу често се менува и секогаш има што да се научи, а и поради самиот тој факт нуди премногу можности. Друго нешто е дефинитивно Content Marketing, кој мислам дека е витален дел за успех денес.
Кои се твоите очекувања по Академијата и кој дел од маркетингот уживаш да го работиш најмногу?
Не верував дека некогаш ќе го кажам ова, бидејќи никогаш немав посебна желба за пишување ама многу го засакав Content Marketing. Одлично чувство е кога истовремено учите нови работи преку истражување и пишување, а истовремено имате можност да дадете огромна вредност на оној кој ви е таргет во маркетингот.
Што би им препорачал на новите учесници за следните Академии?
Прашувајте и обрнувајте внимание. Колку повеќе внимание и труд вложувате толку повеќе ќе добиете. Дигиталниот маркетинг е огромно поле, искористете го тоа како предизвик и ќе се надминете самите себе.