Кире Коцевски е алумни од нашата Академија за дигитален маркетинг, кој се вработи како Jr SEO Analyst во компанијата Fire&Spark – SEO Agency. Оваа компанија нуди услуги на организации кои веруваат дека брендирањето е срцето на нивната маркетинг стратегија.

Прочитајте што ни сподели тој за неговото ново работно место и искуството од Академијата

За следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се останати само уште 7 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

 

Здраво Кире! За почеток, да те запознаат нашите читатели подобро – кажи ни нешто за себе?

Здраво! Јас сум Кире од Велес, дипломирав на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, отсек преведување и толкување, англиски и германски јазик. Неколку години работев како фриленс преведувач. Потоа сакав да патувам, па се одлучив за работа на брод.  До минатата година, 6 години работев на брод и патував низ целиот свет.

 

Каков беше твојот кариерен пат до моментот на запишување на Академијата? Што беше она што те натера да избереш дигитален маркетинг?

Беше малку тешка одлуката за промена на кариера бидејќи имав интересна и убава работа во детски центар на прекуокеански крузер, каде имав прилика да работам со деца од целиот свет. Знаев дека нема да можам да го работам тоа вечно, па периодов со пандемијава го искористив за надградба на моите вештини и нови знаења. Уште пред 2 години бев заинтересиран за дигитален маркетинг и одлучив кога ќе престанам да патувам по светот да се посветам токму на ова. Имав неколку пријатели кои завршија различни академии во Brainster, па слушнав само пофални зборови.

 

Честитки за твоето вработување! Започна да работиш во американската компанија Fire&Spark, па како ти е на новата работна позиција? Кој ти е омилен дел од твојата работа?

Да, од неодамна сум дел од Fire&Spark, SEO Agency како Jr SEO Analyst. Работата е перфектен спој на креативниот и техничкиот дел од маркетингот. Имам прекрасни колеги и работниот ден е релаксиран. Дефинитивно го проширувам своето знаење и се среќавам со разни предизвици поврзани со мојата работа. Уживам во техничкиот дел како анализа и собирање на податоци.

 

Како Академијата за дигитален маркетинг ти помогна во овој процес?

SEO беше последниот модул на Академијата, а јас уште не бев одлучен на кој модул сакам да се посветам за да го работам во иднина. Сите делови на маркетингот ми беа интересни. Додека траеше SEO модулот јас имав интервју за работа. Ме контактираа по препорака на Brainster и кога дознав дека е за SEO, сфатив дека морам да се посветам повеќе на часовите. 😀 

 

За време на Академијата, постојано работевте на реални проекти, како тие придонесоа да ги стекнете вештините кои се потребни за започнување кариера како маркетер?

Тоа беше најинтересниот дел од Академијата, шансата да го покажеш твоето знаење и размислување на реален проект. Преку лансирање маркетинг кампањи, креирање landing pages, користење на различни алатки и софтвер, сите ние како студенти имавме прилика да ја претвориме теоријата во пракса. Од голема важност е за секој маркетер да знае да ги користи неопходните алатки во својата работа.

 

Дали Академијата за дигитален маркетинг ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја постигнеш твојата цел?

Да, апсолутно. Сите предавања беа водени од врвни инструктори, специјалисти во своите области. Секој час беше во опуштена атмосфера, во која се пренесуваше многу знаење. Искрено, не знаев што да очекувам од онлајн наставата, но инструкторите беа предобри и не претставуваше никаков проблем учењето од далечина.

 

Што би им порачал на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Да не се плашат да донесат одлука. Не е лесно да промениш кариера или професија, посебно ако си над 30 како мене, но никогаш не е доцна за нови знаења и нови вештини. Со смиреност и посветеност, како и „глад“ за знаење, сѐ е возможно.

 

Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Поради голем интерес се отвараат нови групи! Останати се само уште 7 слободни места! Аплицирај веднаш и започни со учење во мај!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!