Сара Ацевска е дизајнерка која реши да воведе нова димензија на нејзината професија: маркетинг. За скоро сѐ има маркет нели? 🙂 Ја издвојуваме како една од најпроактивните учесници од Академијата за маркетинг за изминатиот месец со големи планови за иднината.
Уписите за Академијата за маркетинг се во тек. Погледни ја програмата тука.
Сара, како ги спојуваш архитектурата и дигиталниот маркетинг сега за сега?
Преку двете можам да раскажам приказна.
Веќе си 2 месеци на Академијата за дигитален маркетинг. До сега, што ти е нај mind-blowing од сѐ?
Откако знам за себе пишувам; на блог, на твитер, низ тетратки и секаде каде што ќе најдам место. На Академијата открив дека сум добра во пишување. Заклучив дека тоа што сум го правела за себе без премногу да размислувам е способност која е многу корисна за дигитален маркетинг и тоа многу ми ја зголеми самодовербата.
Што “те влече” најмногу од целиот Digital Marketing универзум?
После секој нареден модул ми се менува одговорот на ова прашање. Последно се заљубив во Content Marketing и мислам дека тоа е областа која сакам најмногу да ја усовршам.
Се стремиме кон тоа да разбудиме љубопитност и самоиницијативност кај учесниците од Marketpreneurs Академијата за дигитален маркетинг. Еден од 20+ проекти кои ќе се работат на Академијата е и водење на персонален блог на тема маркетинг. Комплетно оправдано, прва задача беше Key Performance Indicators како основа на целиот маркетинг. Сара многу едноставно ќе те убеди да почнеш од мерење на перформансите преку KPI.
„Замисли дека имаш еден билборд во центарот на Скопје и уште еден покрај автопатот кон Тетово. Откако ги постави, стотици луѓе се заинтересираа за твојот производ. Скапи се, па радо би имал само еден. Како би одбрал кој да го задржиш?” Текстот на Сара беше еден од најдобрите кои ги добивме, прочитај го во целост тука.