Запознај го Крсте Манев – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец ноември 2023.
Име и презиме: Крсте Манев
По професија: Магистер по фармација
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Веќе 7 години сум во маркетингот, па така ова ми се виде како шанса за уште еден чекор понапред во кариерата.
Што те мотивира постојано да учиш: Епидемијата со Ковид-19 ни покажа дека многу лесно може да се случи некои надворешни фактори, на кои не можеме да влијаеме да ни го сменат животот од корен. Дигиталната ера е сегашноста, а се разбира и иднината во маркетингот, така што ако сакаме да сме во тек со новите трендови мораме да се прилагодуваме на истите.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Научив многу работи, она што ми остави најмногу впечаток е дека и во дигиталниот свет, маркетингот се заснова на истите постулати, само можеби со други имиња.
Омилен модул и зошто: Copywriting со Трајко, затоа што тука најмногу доаѓа до израз креативноста.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Марко, затоа што навива за Интер, хахах се шалам, не можам да издвојам само еден, ќе ги набројам онака како што се појавуваа: Ива, Виктор, Марко, Трајко.
За 5 години сакам да бидам: Со оглед на тоа дека не се запишав на Академијата со цел промена на кариерата, само сакам да имам некакво искуство со дигиталниот маркетинг.
Хоби: Пешачење
Омилена книга: Катедралата на Море – Илдефонко Фалконес
Омилен цитат: „Dodju tako vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati“ – Ivo Andric.
„Најголемо задоволство ми беше што бев дел од група 38, група во права смисла на зборот, каде бевме сите различни, а делувавме како екипа. Не ни верувате? Дајте ни го најтешкиот проект, а ние ќе го сработиме сите заедно“, за крај ни сподели Крсте.
Време е за твојата нова кариера, во новата ера на дигитален маркетинг!
Отсега, со Brainster+ зголеми ја твојата предност на пазарот на трудот. Надгради ги твоите вештини преку супериорна програма со сите 9 ФАКТОРИ за вработување, што ги бара индустријата.
Аплицирај на Академијата за дигитален маркетинг и добиј го супериорниот едукативен пакет Brainster+