Тинка Џинева – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг

Запознај ja Тинка Џинева – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец март 2023.
Име и презиме: Тинка Џинева
По професија: Социјален работник
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Во оваа област имам потполна слобода да излезам од мојата зона на комфор, да се изразувам креативно, а воедно е толку опширна област, која нуди прекрасни можности за надградување и напредување во дигиталната сфера.
Што те мотивира постојано да учиш: Многу сум љубопитна, сакам да учам нови работи и да работам со секакви алатки кои би ми ја олесниле работата, или би ми помогнале да завршам поголем број на задачи за кратко време.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Начинот на креирање на квалитетна содржина, самиот пристап и визуелното претставување на целата приказната за одреден бренд, на начин кој би бил интересен за нашата целна група.
Омилен модул и зошто: Social media marketing. Колку повеќе навлегувавме во овој модул, сè повеќе ми се допаѓаше целиот концепт и филозофијата која стои позади најдобрите кампањи и реклами на социјалните мрежи. Исто така, од големо значење и посебен интерес ми побуди прецизното таргетирање на вистинската публика и соодветното прилагодување на пристапот кон крајните корисници.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Секој од инструкторите е посебен и добар на свој начин, но морам да го спомнам Марко Ивановски, кој толку многу се внесе во самиот процес на пренесување на целото негово знаење и искуство, што не почувствував колку брзо ни заврши модулот. 🙂
За 5 години сакам да бидам: Успешен дигитален маркетер, со голем број на успешни кампањи позади себе и брендови во кои верувам издигнати на пиедестал.
Хоби: Пилатес е мојата љубов, а воедно и моја споредна професија е тоа што сум пилатес инструктор.
Омилена книга: Сите твои совршености – Колин Хувер.
Омилен цитат: “Get it done, even if it hurts.“
Уписите за следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!