Сигурни сме дека не постои личност што не ја знае од радио емисијата Петар за Појадок и Пауза. Да, Билјана! Дел е од нашата Академија за маркетинг, дипломиран новинар и иден дигитален маркетер.
Здраво Билјана! 🙂 Веќе помина некое време како си дел од Академијата за маркетинг. Зошто реши да си дел од оваа 16 неделна и интензивна програма?
По природа сум човек кој сака да пробува нови работи, да учи и да споделува искуства. Сметам дека секој човек ја чувствува потребата од повеќе знаење и жед за нешто ново. Мене ми се случи баш така. Сакав нешто повеќе за себе, кое навидум нема допирни точки со мојата професија. Што е најважно, не сакав тоа да биде конвенционален пристап. Јас сакам да се премине на главното, без многу заобиколување, да се научи тоа што е важно. По професија сум дипломиран новинар, работам 10 години како радио водител во Метрополис Радио Мрежа, а изминатите две години сум дел од маркетинг агенцијата Hybread Media. Помеѓу двете работни места се роди интересот за дигиталниот маркетинг и сметам дека сум на вистинско место и во вистинско време. Мајка сум на две ќеркички, но тоа не ме спречува да најдам начин да научам нешто повеќе во животот кое само ќе придонесе кон поголем успех.
Сподели ни како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од часовите?
Позитивната работа од предавањата е фактот што најголем дел од материјалот се учи на самиот час. Не станува збор за предавања на кои сме навикнале порано – еден професор кој како на лента кажува што има и куп студенти кои зеваат од досада. Тука, преку интеракција и пријателски однос учиме сите, кажуваме што мислиме и разменуваме идеи. Се што учам го споделувам со моите колеги, се што е ново им го пренесувам со ЕУРЕКА настап 🙂 А има толку многу нови работи кои ги учиме, кои, иако биле пред нас цело време, не сме ги знаеле. Учам да размислувам како маркетер, да наоѓам нови извори на информации. Читам многу кога ќе најдам слободно време, со цел да научам повеќе. Плус, сум „советодавен орган“ меѓу пријателите кои имаат некаква потреба од маркетинг. Во секој случај, ме има насекаде по малку.
Кои 3 работи што ги научи до сега на Академијата ти беа фасцинантни и вистинско откритие?
Дефинитивно на прво место се „Архетиповите во маркетингот“, материјал кој го предаваше Дамиан Дамјановски, експерт на ова поле од Австралија. Ме воодушеви целата психологија, односно успешноста или неуспешноста на компании кои малку се изгубиле во создавање на брендот. Лендинг страните се уште една работа која едвај чекам да ја применам. Неверојатно е колку работите можат да бидат поедноставени, а притоа да ја постигнат крајната цел. Научив дека Content marketing e една од работите кои ги сакам и планирам во иднина да ги работам. И да, никако не смеам да заборавам дека научив формули кои никогаш во животот немаше да ги научам. Не затоа што ги нема никаде. Туку заради фактот што после завршување на средното образование, решив дека никогаш повеќе нема да користам економски формули. Ама знаете како викаат „never say never.“
Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил најмногу впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоила?
Со оглед на тоа дека учиме многу, ќе мора да отворам тетратка. Вака од прва тоа што ме радува се онлајн алатките кои многу ја олеснуват работата. Ниту еден човек не може да знае се, но може да научи каде да побара и да го искористи тоа во своја цел. Досега, Дамиан и Александра ми оставија најголем впечаток, ги обожавам, одлични се во нивната работа. Знаат како да го предадат знаењето и се подготвени да одговорат на секое прашање. А во нашата група прашањата ги има мнооогу :). Петар пак, е човекот кој секогаш има нови идеи и како што вели „Не постои лоша идеја“. Така што инструкторите ни се супер.
Што сакаш да усовршиш во моментов, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?
Сакам се што ќе научам да го усовршам. Генијалноста се постигнува со многу учење и уште повеќе работа, односно примена на знаењето. Така што, ќе мора повторно да ме прашате кога ќе заврши програмата или пак штом се вратам во целост на моите работни обврски 😀
Кои се твоите очекувања по Академијата и кој дел од маркетингот уживаш да го работиш најмногу? 🙂
Content marketing ми лежи, во тоа сум сигурна. Но,забележувам дека „развивам“ посебна врска и со дизајнот и креирање на лендинг страни, така што планирам да се посветам малку повеќе и на тоа.
Што би им препорачалa на новите учесници за следните Академии?
Не размислувајте премногу, запишете се и почнете да учите. Секогаш вложувајте во себе колку што можете повеќе, бидејќи тоа позитивно ќе ви се врати, со 100% сигурност. Живееме во земја каде што, за жал, голем дел од луѓето сметаат дека по завршување на факултетот, нема потреба од понатамошна надградба. Неточно! Секоја личност, без разлика на годините, работната позиција и обврските, треба да се стреми кон успех, кој пак доаѓа со помош на учење. Знаењето е тоа што никогаш нема да ве изневери. Нема сигурност, само можности. Луѓето не треба да се плашат од нови и непознати работи, туку треба да ги зграпчат и искористат. Не заборавајте – секогаш фокусирајте се на можностите, наместо на ограничувањата! 🙂
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.