Предизвик е да си по професија стоматолог, но неуморен во потрага по нови вештини и следење на трендовите во овој дигитален свет. Младен Димовски е дел од Академијата за маркетинг и ќе ви покаже дека со малку труд може да стигнете далеку.

 Младен, некое време си дел од Академијата за маркетинг. Зошто реши да си дел од оваа 16 неделна и интензивна програма?

Постојаната потрага по нови знаења и желбата да се следат иновативните трендови на маркетирање независно од тоа за кој тип индустрија или услужна дејност се работи, се двете главни причини поради кои  сум јас тука.

Како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од часовите?

Во моментов се трудам да направам компилација од традиционалниот начин на маркетирање (за кој што веќе имав извесни претзнаења ) и дигиталниот ‘свет’, кој за мене е нешто ново, но сè почесто користен ресурс од страна на многу компании  кои влегуваат во ерата на дигитализација .

Кои 3 работи што ги научи до сега ти бев вистинско откритие? 

Со оглед на интезитетот на програмата и материјата која се обработува, сè уште сум со несредени впечатоци. Создавањето на еден бренд и неговата моќ. Kорисниот E-mail маркетинг кој за среќа сè уште во ова наше поднебје е “blue ocean”како и важноста на Content Marketing во создавањето трајни врски со потенцијалниот потрошувач. Tрите точки кои најмногу го задржаа моето внимание. 🙂

Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил  впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоил?

Секако тука би ги издвоил сесиите на инструкторот Дамиан Дамјановски и начинот на кој ни го пренесе значењето на брендирањето, креирањето и дефинирањето на еден бренд. Најверојатно ќе ги искористам  како одличен template можеби во некоја start up приказна.

Што сакаш да усовршиш во моментов, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?

Она во што и се чувствувам најнеподготвен.. Content маркетингот. Тоа е оној дел каде креативноста е клучот на успехот. За среќа инспирција има насекаде, секој билборд на улица, секоја добра слика, па и лоша. 🙂 Буквално се она што нè опкружува може да биде повод за  една добра приказна. Генијалниот маркетер секогаш има идеја за добра содржина.

Кои се твоите очекувања по Академијата? Кој маркетинг дел уживаш да го работиш најмногу?

Во блиска иднина би сакал сè она што го научив на Академијата за маркетинг да го применам “ in real case”, во индустријата во која работам. A понатаму зошто да не и свој startup 🙂

Што би им препорачал на идните маркетери за следната Академија?

Прифатете го предизвикот, стекнете нови знаења, станете покреативни и похрабри!

marketing profesija

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА