Производ на денот #4
„Производ на денот“ е серија од микро постови создадени со цел да ги запознаеме македонските иноватори и стартапи со интересните технолошки достигнувања кои секојдневно се појавуваат низ светот. Оваа иницијатива е нa brainster заедницата.

Производ на денот #4 Marbel board.
Изминативе години сме сведоци на брзиот развој на технологијата . Во сферата на сообраќајот вниманието е насочено кон електричните возила почнувајќи од автомобилите , преку моторциклите, па се до велосипедите . Сите тие изгледаат преголемо во споредба со новопласираниот производ на компанијата Marbel – електричниот скејтборд Marbel board .
Marbel board е најлесниот и најбрзиот електричен скејтборд со модерен дизајн и најдобри перформанси до сега . Со тежина од 4,5 килограми и димензии 96,5 х 25,4 х 12,7 цм развива неверојатна брзина од 40 километри на час .Штицата е направена од композитни карбонски влакна и во неа се вградени целата електроника и батеријата . Marbel board работи на литиум-јонска батерија и со полнење од само 90 минути може да помине и до 25 километри . Најдобро од се е што овој производ не е наменет само за урбана улична мрежа со минимален пад . Моторот со моќност од 2000W овозможува искачување на косини со нагиб и до 20 % , а за високата безбедност при возењето тука се и слините регенеративни електронски кочници . Возилото се движи на четири тркала , кои може да се нарачаат во две димензии ( 76мм или 100мм ) и во вашата омилена боја .

Интересно е тоа што може да го поврзете Marbel board со вашиот паметен телефон за целосна персонализација на вашиот стил на возење , па дури и да ја следите вашата патека на возење . Проектот лансиран на 24 мај 2014 година направи успешна kickstarter кампања каде од 542 вложувачи собра повеќе од 365 илјади долари . Добрата вест за сите оние кои сакаат да ја избегнат соораќајната џунгла и за љубителите на електричните возила е дека овој производ е во продажба , а цената му изнесува 1299USD .
Што мислите за функционалноста на ова возило ? Или веќе размислувате за бојата на вашите тркалца ?
Среќно
Brainster заедницата