Марјан Димиќ „Мачка” – Графити мастер и Инструктор на Академијата за UX/UI дизајн

Марјан Димиќ aka Мачка најверојатно го знаете како дел од тимот на графитчии од ОКС. Сигурно сте виделе неколку од неговите „карактери” по ѕидовите низ Скопје. Или можеби сте пиеле пиво или сте се тетовирале во локалите кои се „исшкртани“ од него. 

Можеби не знаете за него е дека тој е архитект по професија. Во моментов работи како UI дизајнер во гејминг индустријата. Она што е ново за Мачка е дека тој сега е и дел од тимот на инструктори на Академијата за UX/UI.

Му поставивме неколку прашања да ви дадеме подобра претстава за неговата работа како UI дизајнер ии мултидимензионален креативец.

 

Те знаеме по многу цртачки проекти и како дел од графити колективот ОКС. Како од цртач на графити и графички дизајнер стигна до UI дизајн?

Покрај рачно исцртаната илустрација предизвик ми беа и дигиталната илустрација и графичкиот дизајн, кој со себе го носи и UI дизајнот. Конкретно, моето прво искуство со UI дизјанот беше со првото редизајнирање на web и game апликации. Од тогаш се јави желбата за негово изучување и истражување.

 

Дај ни некоја паралела, како за тебе лично се разликуваат, а како се спојуваат графички дизајн, UX/UI и цртање графити?

Разликата секако е во нивната техничка реализација, ефектот кај едното и другото треба да биде еднакво прифатлив за нашето око, но ако би правел некаква паралела која би ги споила графитите и UI дизајнот, графитите би ги протолкувал како составен дел од UI дизајнот на еден град 🙂

 

Како мислиш дека ќе се смени UX/UI дизајнот во наредната декада?

Не можам да предвидам што точно би се случило во наредната декада, но како и сè друго во дизајнот, така и UI дизајнот мора да го прати развојот и напредокот на технологијата и од тие причини ќе се јавува потреба за негово еволуирање. 

 

Кажи ни дали во UX/UI дизајнот има специфичен стил на работа, како во дизајнот или цртањето? Дали има правци на UX/UI дизајн?

Правецот или стилот најчесто го поставуваме ние, односно тој што го креира, во зависност од тоа што сака да постигне и кое е неговото визуелно очекување. Конкретен стил или правец не постои. Секако дека низ самиот процес на работа се случуваат многу трансформации, но на крај, според мене, UI дизајнот секогаш треба да биде јасен, лесно читлив и препознатлив.

 

Работиш во гемјинг индустријата, како илустратор и UI дизајнер. Раскажи ни ја приказната и како се најде ти во тoj сектор?

Во 2012-та година се случи првото искуство и првата љубов со дигиталната илустрација наменета за игра. Соработував со Белградското KROON Studio неколку месеци, потоа направив пауза, бидејќи морав да продолжам со студии, а подоцна од 2014-та година продолжив со истото 🙂

 

Цели за понатаму, како мислиш да се менуваш, растеш, што те интересира?

И понатаму би сакал да работам за гејминг индустријата. Покрај дигиталната илустрација, следен предизвик би сакал да ми биде анимација и 3D визуелизација.

 

Дел си од инструкторите на Академијата за UX/UI, ќе го предаваш модулот за UI, кажи ни што да очекуваат студентите од овој модул? Со какви знаења ќе се стекнат?

Најпрво студентите ќе се запознаат со тоа  што е UI дизајн, која е неговата намена, бои, форми, типографија, примери и секако многу вежби.

 

Уписите на Академијата за UX/UI се во тек, започнуваме со предавања во јуни.

Related Stories For You