Контент маркетинг е пристап кој значи создавање и ширење на значајна и вредна содржина за твојата публика со надеж дека ќе поттикне повисок степен на заангажираност.
Најверојатно веќе си запознаен со овој поим, со оглед на тоа што беше особено често употребуван во текот на последните неколку години и со тоа што се чини дека секој те замолува да препорачаш добар креатор на содржина за нивната веб страна. Има причина зошто е толку користен во последно време, а тоа е затоа што едноставно кажано – може да ти помогне да намамиш кленти.
Во ерата на социјалните медиуми, можеби изгледа како целосниот маркетинг да зависи од бројот на лајкови и препостирање на твитови. Веројатно огромен дел од посетите на твојата веб страна доаѓаат од Facebook, Twitter или Instagram. Нема ништо лошо во ова се додека знаеш како да го искористиш во твоја полза.
Тука влегува во игра контент маркетингот. Со цел да станеш експерт за социјалните медиуми мораш прво да создаваш содржина која ќе можеш да ја споделуваш. Токму поради тоа многу од брендовите се служат со овој вид на маркетинг, односно создавање на содржина вредна за кликнување.
Сè уште не си убеден?
Ја зголемува посетеноста
Мора ли воопшто да додадеме уште нешто на ова? Сите ние сакаме поголема посетеност на нашите веб страни, а контент маркетингот може да биде одговорот на сето ова.
Се прашуваш како? Па не само што ќе ја објавуваш твојата содржина на социјалните медиуми (она за што зборувавме претходно), туку замисли го следното сценарио – клиентот има проблем или некое посебно барање за кое ќе пребара на интернет и твојот одговор ќе биде првиот кој ќе се појави на страната со резултати. Па, voilà! Само што доби нов посетител. Потрошувачите обожаваат содржина, особено ако е добро скоцкана и лична. Таквата содржина ја прави компанијата пожива и човечна. На овој начин тие подобро ќе се поврзат со твојот бренд.
Ќе те направи да изгледаш како лидер за мисли
Секој сака да се истакнува со тоа што ќе биде најпаметниот во собата. Па зошто да не бидеш најпаметниот на интернет? Сигурно читаш многу од областа на твојата индустрија и сигурно имаш свои свежи гледишта, мислења и совети кои ќе можеш да ги споделиш со светот (или барем сол луѓето кои те следат на Twitter).На овој начин можеш да се воспоставиш себеси како добро образован експерт во индустријата, но само доколку нудиш квалитетна содржина. Биди компанија која ќе ги снабди муштериите со сите одговори на прашањата кои сè уште ги немаат ни поставено.
Осигурај се дека квалитетот е крал. Тенка е линијата која ја дели одличната содржина од ужасната. Грешка која честопати маркетерите ја прават е тоа што мислат дека било каква содржина е добра содржина. Во ниту еден случај не е така! Тоа е само одлична можност да пропаднеш и да си ја расипеш репутацијата! Не туку нафрлај само статии кон твоите клиенти, туку понуди им податоци вредни за читање во кое истовремено и ќе уживаат.
Ја гради популарноста од линкови
Ајде да речеме дека си почнал со создавање на таква прекрасна и уникатна содржина и следното нешто кое што ќе го направиш е да ја објавуваш насекаде по социјалните медиуми со цел да добиеш што е можно повеќе кликови, лајкови и споделувања како што посакуваш. Но ајде да бидеме искрени, ти се надеваш на споделувањата. Ништо не те прави да се чувствуваш подобро од тоа твојот бренд да биде јавно препорачан од страна на муштерија. Еден од начините со кој можеш да го промовираш твојот бренд е преку други брендови и тоа не преку споделување, туку преку линкување и спомнување. Да те стават како линк во содржината на друга компанија ја зголемува твојата популарност, воедно и твојата онлајн гледаност, веб платформа и содржина ќе се рангираат повисоко на страната со резултати од пребаруваност.
Чини помалку од традиционален маркетинг
Знаеме колку напорно работеше минатиот месец за да ја заработиш твојата плата, па зошто да не ја потрошиш на паметен начин? Контент маркетинг е супер ефективен начин кој не ги принудува на трошоци малите бизниси, особено ако ја создаваш сам својата содржина.
Но ако едноставно немаш доволно време во текот на денот за создавање на високо квалитетна содржина размисли околу тоа да ангажираш некого. Можеш да вработиш некој на кого ќе му плаќаш од статија со самото тоа што прво ќе си ја пресметаш посакуваната зачестеност од статии. Дефинитивно ќе те чини помалку од она на што вообичаено трошиш преку другите форми на маркетинг.
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање