Програмери – карактеристики на оние добрите (Не станува збор за хороскоп)

Иако мислиш дека сè што треба е да си паметен, сепак програмерите имаат некои карактерни особини кои немаат никаква врска со пишување кодови.

Без разлика дали си или сакаш да бидеш програмер, не треба да мислиш само на тоа дали си доволно работлив или дали си добар студент, туку и дали го имаш карактерот кој ќе те бутка да преживееш во (и да ја протресеш) индустријата.

Не не сфаќај погрешно, не мислиме на тоа дека секој може да биде добар програмер. Она што се обидуваме да го кажеме е дека не се работи само за тоа да добиваш плата и да седиш 8 часа зад екранот. Ако мислиш дека тоа што ти одела математиката во средно ќе ти помогне да совладаш програмирање побрзо и полесно, преиспитај се повторно. Има некои карактерни особини на кои треба да поработиш пред да скокнеш во базенот на добри програмери.

Разгледај ги и види дали има некоја која можеби треба да ја изостриш.

Најважно е дека тие се страствени за нивната работа

Како и во секое поле, нема шанси да бидеш одличен во нешто ако не го сакаш доволно. Се сеќаваш ли кога Steve Jobs рече дека да ја сакаш компанијата и работата автоматски те прави добар работник? Целосно се сложувам. Секој од нас треба да си ја сака работата и сака да работи со луѓе кои исто толку ја сакаат. Таквите луѓе секогаш повеќе се трудат и никогаш не престануваат да наоѓаат нови начини како да ја вршат самата работа.

Што не води до следната карактеристика…

Никогаш не престануваат да учат

Учи, учи, учи. Не е битно дали си програмер или не, нема шанаси да станеш одличен ако никогаш не го надоградуваш сопственото знаење и ако не ги следиш најновите трендови. Честопати, за жал, ова важи особено за програмерите, како и докторите. Нивното знаење ќе застари за само неколку години.

Тие размислуваат логички

Сè е логика. Нема да можеш да го совладаш јазикот на програмирањето доколку не се научиш да размислуваш логички. За сè има причина и намена зошто и како е дел од поголемиот систем и нема да бидеш во состојба да го сфатиш ова ако не му пријдеш со математички ум на програмирањето.

Тие се добри менаџери и имаат вештини за решавање на проблеми

Самото програмирање претставува решавање проблеми. Секојдневната работа на програмерот е да изгради и направи нешто да функционира, колку и да е тешко и невозможно како што понекогаш може да изгледа. Ова значи дека да знаеш да решаваш проблеми е клучно.

Од друга страна, одмна го сфативме ова – денес секој треба да има добри способности за менаџирање. Ова ќе те претвори од добар во прекрасен програмер. Наместо слепо да следиш нечии насоки ти како добар програмер треба да бидеш во состојба да водиш тим и цел, голем и сериозен проект.

Тие знаат да работат под притисок

Можеби сè уште не си свесен за ова, но да работиш како програмер може честопати да биде многу стресно, што значи со цел целосно да се оспособиш треба да научиш како да работиш под притисок и како да го контролираш. Додека програмираш ќе увудиш дека не секогаш сè ќе функционира како што треба и веројатно ќе почнеш да паничиш. Епа не смееш да и дозволиш на ваквата паника да ти попречи во работата.

Знаат да работат со крајни рокови

И кога веќе зборуваме за притисок, најголемата причина поради која тој се појавува се крајните рокови. Тие се онолку забавни колку и извештаите. Ниту еден човек на светов нема кажано дека ги сака, но секој до нас мора да се соочува со нив. Значи да се биде добар програмер треба да се почитува краен рок. Оној кој ќе научи да го почитува е веќе автоматски подобар работник. Мора да знаеш колку време ќе ти одземе одреден проект и како да го координираш темпото со цел да ги достигнеш крајните рокови.

Одлични се со луѓе и се супер тим играчи

Мислењето дека да се биде програмер подразбира да не мора да имаш изострени комуникациски вештини е целосно застарено. Најверојатно нема да мора да правиш продажба, но дефинитивно ќе стапиш во контакт со менаџери, клиенти и соработници. Што значи да мораш да бидеш добар соговорник ако планираш да бидеш успешен програмер.

Дополнително, нема врска дали си програмер или не, мораш да научиш да бидеш дел од тим. Големи се шансите да не бидеш единствениот програмер, а и да си тогаш ќе мораш секако да соработуваш со персоналот за продажба и со менаџерите.

Дознај повеќе за академијата за програмирање тука

Овој текст е објавен во категоријата Програмирање и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА