Зошто треба да изградиш војска на социјалните медиуми

Зошто да се има војска за социјалните медиуми е поважно од кога и да било и како да изградиш таква! Можеби нема да биде толку кул како војската на Дамблдор, но сепак навистина ќе ти треба одреден степен на магија за да ја изградиш.

Со неодамнешните измени на Facebook алгоритамот изгледа како да не е времето она за што деновиве зборуваме, туку намаленото ширење и заангажираноста околу нашите објави. Но сосема е разбирливо бидејќи некои компании добиваат дури 80% од посетите на нивните веб страни преку социјалните медиуми – што логички се претвораат во повеќе муштерии.   

И сите ние иако  веруваме дека сме добри во употребата на Facebook, Instagram, Pintrest и Twitter сепак реалноста е дека некои од нас се едноставно подобри од останатите. Ова значи дека сè уште има многу што да се учи за да се совлада уметноста на ефективната употреба на социјалните медиуми и градењето на поголема присутност.  

Погледни ги оние кои најдобро се справуваат, како Starbucks и нивните 36 милиони лајкови на Facebook и 10 милиони следбеници на Twitter. Обиди се да не се депримираш, туку мотивирај се и научи нешто. Можеби нема да достигнеш до милиони, но со упорна работа и правење на вистинските чекори твојата компанија дефинитивно ќе го добие заслуженото ниво на внимание.  

Ако до сега си се обидел повеќе пати да се здобиеш со повеќе следбеници на социјалните медиуми, но си занемарил работа или две, па не ти успеало тогаш:

Вклучи цел тим

Во вакви времиња ние треба да сме сложни и да се бориме заедно во стилот на Марвел групите составени од суперхерои (минус потребата од пресветкава и претесна облека). Прво кон што треба да се насочиш е да се осигураш дека целиот тим ги има истите сфаќања. Ова значи дека секој од вас треба да ја разбира вредноста на дигиталниот маректинг и социјалните медиуми. Ако тимот не може да ги разбере сите придобивки на една добра стратегија за маркетинг на социјални медиуми тогаш многу веројатно е дека тие нема да си ја завршат работата ефективно.

Има многу нешта кои можеш да ги направиш за целиот тим да биде вклучен. На пример, вработените во Zappos добиваат специјален Twitter тренинг и се охрабрени да споделуваат на социјалните медиуми за сè ново што прават на работа, бидејќи содржината споделена од страна на вработените, според последните проценки, буди осум пати поголема заангажираност отколку содржината споделена на бренд платформите и е споделувана 25 пати почесто!

Мотивирај го целиот твој тим да придонесе

Да ги каниш сите (или дури и да им наредуваш да присуствуваат) не е решение. Членовите на тимот мораат сами да сакаат да го сторат тоа, па затоа присуството на секоја програма за социјални медиуми мора да биде доброволно. За среќа има начини со кои може да се стигне до вакво нешто.

Една од работите кои што можеш да ги направиш е да му дозволиш на секој од тимот да си пронајде свој вид на содржина која нему најмногу му одговара. Можеш да бидеш креативен па наместо да вработиш некој (кој едвај ја познава компанијата во споредба со останатиот дел од тимот), мотивирај ги сите (вклучувајќи се и себеси) да напишеш содржина за објава на блогот на компанијата. Може, но и не мора да биде директно поврзана со производот кој го нудиш. Целта е да биде интересно за некој да кликне на него и ако тимот е оној кој го пишува – да биде лично. На овој начин му овозможуваш на светот да дознае повеќе за тебе и за твојот тим додека намамуваш повеќе посети на својот блог. Ваква содржина е многу поверојатно да биде споделувана од страна на твоите вработени.

Заангажирај ги твоите клиенти

Друго нешто кое што можеш да го направиш, за да добиеш повеќе следбеници и поголема заангажираност, е да смислиш хаштаг. Употребата на интересен и паметен хаштаг не само што ќе ги заангажира твоите муштерии, туку и целиот твој тим.

Можеш да поканиш ги поканиш оние кои те следат да поставуваат прашања и коментари за твојата содржина и да се осигураш целиот тим да е вклучен во комуникацијата.
Она што исто така можеш да го направиш е да смислиш интересен хаштаг за Instagram и да ја поканиш целата заедница да објавува слики со тој хаштаг. Можеш дури и да понудиш награда за оние кои ќе имаат најубава слика и да се опуштиш додека гледаш како расте бројот на луѓе кои те заследуваат на социјалните медиуми.                                                                                                                                                                                                    
Експериментирај

Со цел да ја зголемиш заангажираноста мораш да изградиш содржина која поттикнува заангажираност. Нешто што звучи лесно и привлечно, но влушност не е.

Пред да дознаеш кој вид на содржина најмногу функционира мораш многу да експериментираш. На пример, типот на луѓе кои ги следат објавите на одредени компании се личности кои повеќе сакаат да коментираат на Facebook или да коментираат на самата веб страна, така што тоа да ги прашаш луѓето за нивно мислење може навистина да делува. Меѓутоа некои компании немаат толку среќа па наидуваат на публика која повеќе сака да чита отколку да пишува. Можеби пак ќе сфатиш дека да споделуваш содржина во вид на видеа или слики наместо објави од блог најмногу делува за твојата публика и обратно.  

Така што повели и испорбај сè што ќе ти дојде на ум. Обиди се и употребувај хаштагови, објавувај слики на кои има тагнато луѓе… Има само еден начин на кој можеш да дознаеш што е тоа што најмногу и се допаѓа на твојата публика.

Искористи ја технологијата

Колку важно и да изгледа присуството на социјалните медиуми, понекогаш едноставно немаш време да се сконцентрираш на тоа. За среќа денес технологијата нуди одлични можности за маркетерите да ја промовираат нивната содржина со употреба на (бесплатен) софтвер кој ќе го овозможи објавувањето на содржина во името на целиот тим.

На овој начин можеш да имаш тим од 10 души кои споделуваат истовремено од едно место. Токму ова значи дека ти си изградил цела армија за социјални медиуми. Твојот тим ќе знае што да прави, кога тоа да го прави тоа, организиран си и знаеш што најдобро делува.

12

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, brainster kariera, kariera, kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери, книги за бизнис, книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator, kurs za photoshop, kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka, akademija za programiranje, akademija za kodiranje, akademija za marketing

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.