Без разлика дали ангажираш дивелопер од самата компанија или некој од надвор, ќе ти помогнеме да процениш дали личноста која ја интервјуираш е вистинската за тебе и за твојата компанија.
Повеќето од нас имаат 0 знаење од кодирање, а сепак сме се нашле во ситуација во која сме морале да процениме дали дивелоперот кој сакаме да го вработиме е доволно добар.
Лесно е за еден дивелопер да добие работа само со тоа што ќе сврзе 5 до 6 термина за кои никогаш не си ни слушнал. Но може толку многу да се напредува и да се биде во контрола на секое направено интервју, како некои од оние господа во костуми од филмовите.
И ти треба да имаш контрола, а и не е толку тешко како што звучи. Следи овие неколку совети кои ќе ти олеснат процесот низ кој поминуваш. Советите не се специфични за некој одреден вид работно место на веб дивелопер. Се обидуваме да останеме општи во објаснувањето и да направиме рамнотежа и од страна на html/употребливоста и од страна на back-end/база на податоци/програмирање.
П – „Каде можам да пронајдам примери од претходни проекти кои ги имате развивано?“
Неопходно е да ја покриеш основата. Можеби (сè уште) не си дивелопер, но си во состојба да пресудиш дали нешто функционира или не. Секој добар дивелопер ќе биде восхитен од идејата да ги набори сите страни кои самиот ги има развиено или барем во кои има улога на нивно креирање.
П – „Каков вид на веб платформи и на веб страни од колкави големини имате претходно работено?“
Барај дивелопер кој има искуство со работа на проекти кои се во иста големина како и оној за кој го вработуваш. Навистина е важно, бидејќи многу е веројатно да имаат огромно искуство кога станува збор за работа на помали проекти. Или пак сосем обратното –воопшто да не се предизвикани да работат на помал проект како твојот.
Видот е исто толку важен. Паметно е да најдеш некој кој има работено на сличен проект за тие самите да можат да смислуваат и да предложуваат идеи и решенија без да мора слепо да се водат по задачите.
П – „Се чувствуваш ли удобно да пишуваш HTML своерачно?“
Кој било дивелопер, па дури и да е просечно добар, треба да е способен да пишува цели страни HTML документ без да се потпира и да проверува прирачници. Ако сметаш дека има потреба можеш и да дадеш задача да ги покажат своите вештини на лице место за да се увериш во вистинитоста.
П – „Што е w3c?“
Нема потреба некој да ја рецитира мисијата на w3c или нешто во тој стил, но сепак сметаме дека треба да бараш некој кој има бар општа идеја кој е и што прави.
П – „Опиши го твоето ниво на компетентност во *nix shell околина.“
Провери како работат без GUI. Поставувај едноставни прашања со цел да видиш како тие би направиле документ кој само сопственикот може да го чита или како би копирале именик од едно место на друго.
П – „Кои и зошто токму тие се твоите омилени алатки за дивелопмент? Кој е твојот омилен јазик за дивелопмент и зошто?“
Утврди дали алатките кои ги користат имаат смисла и спореди ги со листа која претходно ќе ја имаш направено за алатки кои постојаните in-house дивелопери веќе ги употребуваат. Или пак некои предложени од пријател или дивелопер на кој му веруваш. Ако рече notepad тогаш повлечи се од каква било понуда. Не заборавај да го сториш истото и со нивниот омилен јазик за дивелопмент.
П – „Каков вид на страни и блогови следиш?“
Мораш да вработуваш дивелопери кои се во тек со најновите трендови во индустријата и кои сакаат да научат и знаат повеќе. Треба да со страст да зборуваат за тоа што го прават и да докажат дека не работат само за платата.
П – „Кои се твоите најдобри меки вештини? Функционираш подобро сам или во тим?“
Преважно! Не смееш да ги прескокнуваш овие прашања. Како менаџер мораш да се грижиш за благосостојбата на твојот тим и можеби ќе го пронајдеш најдобриот дивелопер во земјата. Можеби тој ќе биде и најдобриот за твојата компанија.
П – „На кои платформи најмногу се восхитуваш?“
Можеш многу да научиш за личноста според тоа на што најмногу се восхитува. Секако ако ги замолиш да бираат од перспектива на веб дивелопер.
П – „Кој пребарувач го употребуваш?“
Правилниот одговор на ова прашање е – сите. На секој компетентен дивелопер треба да му е јасно дека е важно споредувањето и компатибилноста. Тоа значи дека ќе треба да ги употребува големите веб пребарувачи. Секако, ќе си имаат и свои омилен кој го користат за едноставно пребарување.
Разгледај ја Академијата за програмирање на Brainster!
Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање