WordPress за почетници : ова е едно од оние нешта кои колку повеќе ги учиш, толку помалку ги знаеш.

Во последните неколку години многу се употребува и е неопходно да го имаш во биографијата. Помниш како пишувавме дека знаеме да работиме во Word и Excel? Eпа сега се Photoshop и WordPress.

Првиот пат кога се сретна со WordPress веројатно го доби впечатокот дека е премногу лесно и едноставно, па зборуваше наоколу дека знаеш да работиш во WordPress по само неколку успешно објавени постови и слики.

Но, изненадување! – има многу повеќе од убаво подредени постови. Доброто е во тоа што можеш да научиш, така што следен пат кога ќе му кажеш на некој дека знаеш да работиш во WordPress нема да го излажеш. Има многу туторијали на интернет кои можеш да ги искористиш за да ја продлабочиш темата, па овој пат ќе ти помогнеме да ги совладаш основите за да можеш подоцна да преминеш на детали.

Закажување на блог постови

Сакаш да пишуваш од вечер и да постираш во текот на денот? Нема потреба да седиш на компјутер за да постираш. Да си ги закажуваш постовите е од огромна помош – пример да речеме дека сакаш да одиш на планина и планираш одмор од компјутерот, но сакаш редовно да објавуваш.

Како да го направиш ова?

  1. Пронајди го постот кој сакаш да го закажеш за подоцнежно објавување и кликни на „Edit“.
  2. На горната десна страна од платформата има кутија наречена „Publish“, default опцијата е „Publish immediately„
  3. Кликни на „Publish immediately“ и избери време и датум на кој сакаш постот да ти биде објавен.
  4. Утврди дали си го закажал за точниот датум и време со тоа што ќе кликнеш на „Scheduled for…“
  5. Ако сè е во ред кликни „Schedule“.

Исчисти го форматот на текстот

Најчесто ќе се соочуваш со овој проблем ако копираш нешто од интернет или од програма за едитирање на текст како Word – копираниот текст нема да наликува на остатокот.

Не мораш да одиш чекор по чекор за да ја промениш големината и фонтот рачно. Сè што треба да направиш е да го тргнеш форматот со стискање на само едно копче.

  1. Селектирај го делот од текстот чиј што формат сакаш да го прочистиш.
  2. Во вториот ред од Kitchen Sink (кутијата во која стојат сите икони за форматирање) ќе го видиш копчето за „Remove formating“ со икона во вид на гума. Кликни на неа.

Промени го URLто на блог постот

WordPress генерира сопствен URL во зависност од темата на твојот пост. Но ова може да е заплеткано, на пример ако насловот ти е предолг, користиш друга азбука наместо латинца, сакаш да објавиш нов пост со исто име како и стариот или употребуваш посебни карактери во насловот (како на пример $, %, @) што машината потешко ги чита. Во овој случај можеш рачно да го смениш URLто на објавата.

  1. Кликни на „Edit“ за да влезеш во екранот за едитирање на постови.
  2. Автоматски генерираниот URL се наоѓа веднаш под кутијата каде што го внесуваш насловот од објавата.
  3. Кликни на веќе постоечкото URL за да го едитираш. Не заборавај да не оставаш место пред зборови. Поврзи ги со цртичка „-“.
  4. Кликни на „ОК“ копчето.

Но биди внимателен да не го смениш URLто.

Смени го авторот на блог постот

Ако си админ на страната која има повеќе од еден автор ќе забележиш дека само твоето име ќе се појавува кога ќе објавуваш статија. Ова можеш да го промениш со тоа што ќе го селектираш вистинскиот автор на блог постот. Оваа опција може автоматски да биде скриена, но следи ги чекориве за да ја пронајдеш и да ја употребиш.

  1. Избери го постот кој сакаш да го едитираш и кликни на копчето „Edit“ под него.
  2. На десниот горен дел од екранот види го менито „Screen Options“
  3. Штиклирај ја кутијата „Author“
  4. Менито ќе ти се појави на страната па едноставно избери автор (user) кој сакаш да се прикаже.

Додади кратка биографија за авторот кој ќе се појави на крајот на постот

Го обожаваш фактот дека блогот е личен па сакаш и читателите да знаат по нешто за писателот. Одличен начин за да го направиш ова е да додадеш кратко напишана биографија на крајот од статијата.

  1. Најди го во главното мени на WordPress на лева страна подменито „Users“
  2. Отвори го и пронајди го авторот чија биографија би сакал да ја додадеш
  3. Кликни на „Edit“
  4. Во делот „About the user“ пронајди ја кутијата наречена „Biographical Info“ и во неа напиши ја биографијата која сакаш да се прикажува
  5. Кликни на копчето „Update user“ на дното на страната.  

лого

Овој текст е објавен во категоријата Програмирање и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање

Related Stories For You