Брендинг стратегија: Зошто е важна и како да ја применуваш? Свесни сме дека е многу повеќе од едно убаво лого и убава веб страна. Дали можеш да дефинираш што точно значи брендинг?
Општо кажано – брендингот е твојот глас на пазарот. Тој е начинот на кој избираш да му ја раскажеш приказната на светот и е неопходна алка во ланецот на успехот. Да имаш супер идеја е секако најтешкиот дел, но да знаеш да направиш луѓето да ја препознаваат како таква е веројатно исто толку тешко и важно. Зошто некои идеи преживуваат а некои не? Една од причините е тоа дека немале ефективен пренос на пораката на брендингот.
Тој се сведува на тоа да се препознае во тоа што веруваш и да се најде паметен начин за да се пренесат вредностите и карактерот. Како за стартап ова веќе не е избор, туку е одлука која по секоја цена мора да се донесе. Редно време е да сфатиш што сите се обидувале да те научат до сега – не е важно само што кажуваш, туку како кажуваш.
Па кога ќе се одлучиш да се консултираш со креативниот директор или некоја агенција за маркетинг помини одредено време и енергија на брендингот. Внимавај на неговата важност и не се задоволувај со ништо помалку од нешто што ќе ја раскаже твојата приказната совршено. Ако не знаеш каде да започнеш тука сум за да ти помогнам – започни со испитување. Кој најдобро го направил до сега? Кога ќе завршиш со истражувањето премини на самиот брендинг за секој дел од твојот бизнис, односно сè што ќе ти помогне кога станува збор за раскажување на приказната.
Твоето име
Веќе можеби знаеш како името на компанијата ќе влијае на брендингот, па дури и на успехот. Не џабе помина 6 месеци од твојот живот во мислење за тоа како звучи, па го поправаше, па се советуваше со сите твои пријатели и со сите пријатели на твоите пријатели. Во ред е. Секој што започнувал бизнис го правел истото. Сепак е стожерно да дадеш сѐ од себе.
Тестирај ја секоја идеја со твојата публика. За жал многу од нештата кои имаат смисла за тебе, немаат за твоите клиенти. Поаѓај од себе меѓутоа слушни уште неколку гледишта. Замисли си ваква ситуација. Многу е поверојатна отколку што си мислиш. На пример: нема да забележиш непријатен призвук во името што ќе го одбереш, па ќе ти требаат луѓе да ти укажат на тоа.
Не заборавај дека понекогаш навистина вреди да измислиш нечуено име, иако тоа ќе значи дека објаснувањето ќе ти одземе повеќе време. Помисли на тоа како Google на пример (има и многу други) стана синоним за индрустријата (велиме „изгуглај го“ наместо „пребарај“)
Твоето лого
Логото е првото нешто што муштеријата ќе го види и е премногу важно бидејќи му пренесува на светот што е твојата компанија и за што се залага. Какви чувства сакаш да добијат клиентите кога одеднаш ќе го видат твоето лого? Сакаш да звучиш ладно и професионално или топло и пријателски?
Советувај се со професионалци кои имаат искуство. Разгледувај различни логоа на интернет и постави си го прашањето – што ги направи нив успешни?
Најди го она кое најмногу ќе ти одговара.
Има три вида:
(1) логоа засновани на фонт кои во суштина се состојат од вид типографија
(2) оние кои буквално прикажуваат што прави компанијата
(3) апстрактни симболи (на пример логото на Nike)
Твоите тактики за маркетинг
Внимателно размислувај околу тоа на кого го маркетираш твојот бизнис. Начинот на кој ги поставуваш цените и каде разнесуваш производи, меѓу другото, ќе му влијае на брендот.
Дали сакаш да оставиш впечаток дека твојата компанија е достапна за секого и дека секој може да си го дозволи тоа што му го нудиш? Епа повели – прикажувај се секаде и претерај со купоните и распродажбите.
Но ако сакаш да се издвојуваш како некој што е достапен за помалку луѓе, тогаш земи го в предвид начинот на маркетирање на бредовите како Prada или Ritz Carlton. Никогаш нема да доживееш Four Seasons да нуди појадок за половична цена секој вторник.
Твојот начин на комуникација
Има милион начини на кои можеш да се претставиш на „За нас“ страната. Кој јазик сакаш да го употребуваш? Сакаш да бидеш ладен професионалец или пријателски настроен? Начинот на кој се прикажуваш себеси, дури и тонот со кој се обраќаш кога се сместуваш на видно место на пазарот, мора да биде детално разработен, затоа што ќе има огромно влијание на тоа како муштериите ќе те восприемат.
Ова се однесува и на тонот на социјалните медиуми. Разработи го начинот на кој споделуваш информации, колку се лични, и јазикот кој го користиш за да враќаш на коментарите.
Твоите вработени
Како што веќе реков, брендингот е многу повеќе од она што се случува во одделот на маркетингот. Тој е и луѓето од кои се состои одделот за маркетинг. Мора да биде лесно препознатлив во секој од твоите вработени. Ако твојата компанија сака да остави впечаток на строго и професионално место тогаш и вработените треба да се совпаѓаат во таа слика.
Запомни го ова кога ќе вработуваш некого нареден пат. Бирај ги оние кои се страствени за твојот производ и увери се дека го разбираат брендот и тоа како да го „живеат брендот“ од ден за ден.