Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Лансирање на нов производ е повеќе од ангажирање на PR агенција која ќе ја објави веста за твојот нов производ во медиумите. Во денешно време можеби е и полесно медиумите да ја објават твојата приказна, но е многу потешко да го привлечеш вниманието на клиентите.
Следи ги овие неколку чекори за лансирање на нов производ/компанија.
1. Направи Landing страна на која ќе го претставиш твојот нов производ. Најди повеќе канали преку кои ќе ја дистрибуираш содржината до специфичната целна група. Не дозволувај социјалните медиуми да ти бидат единствено решениe. Мотивирај ги оние кои ќе ја посетат Landing страната да ги поканат пријателите.
2. Почни да ги контактираш новинарите најмалку 1 месец пред лансирањето.
Не очекувај дека ќе имаш успех ако ги исконтактираш медиумите на денот на лансирањето. Ако се професионални нема да те објават. На новинарите ќе им бидат потребни неколку денови за да ја проверат веста и да поразговараат со тебе. Да излезеш во медиумите е круцијално за првите регистрации.
3. Почни со активности на социјалните медиуми
Започни со „Наскоро“ твитови и постови кои ќе и дадат до знаење на публиката дека се работи за лансирање на нов производ. Почни да објавуваш визуелни елементи поврзани со производот и фотографии од производот. Можеш да почнеш и со одбројување на деновите до официјалното лансирање. Доколку сакаш да употребиш повеќе социјални медиуми за подобро да го претставиш производот, подготви се со сите информации, идеи и вештини потребни за да креираш успешна маркетинг кампања.
4. Презентирај ја идејата на инфлуенсерите од заедницата
Побарај совет од нив и дај им пристап до производот. Мотивирај ги да го пробаат производот и да дадат јавна оценка.
5. На денот на лансирање користи платформа како ProductHunt
Оваа платформа е неизбежна при лансирање на нов производ. Еден од најуспешните македонски производи на ProductHunt е OK Google – производот на Кристијан Ристовски.
Останати платформи кои можете да ги искористите се:
6. Продолжи со објавување на медиумите и по лансирањето
Овој пат смени ја приказната и пишувај за задоволни клиенти, колкава продажба сте направиле, какви се резултатите од Pre-launch кампањата итн. Раскажи ја твојата приказна!
7. Инволвирај ги партнерите во процесот.
Со инволвирање на партнерите ти се отвараат и други канали за промоција. Колку повеќе луѓе зборуваат за твојот производ – толку се поголеми шансите веста за лансирањето да стигне до повеќе луѓе.
8. Сними видео со едукативна содржина.
Наједноставната форма на видео е интервју. На пример, ако започнуваш со Академија за програмирање – тогаш направи интервју со неколку познати програмери, сопственици на ИТ компании и инфлуенсери. Постaви им прашања како на пример: Кога за прв пат сте се сретнале со програмирање? Зошто треба да научите да програмирате? Кој е најдобриот начин да научите програмирање?
Ова е моето омилено видео:
9. Фокусирај се на целната група
Не е важен бројот на лајкови на Facebook. Важно е колку луѓе за оваа време на pre-launch кампањата ќе посакаат да го купат твојот производ. Фокусирај се на квалитетот наспроти квантитетот.
10. Лансирајте го новиот производ исто како да лансирате нов стартап.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.