Тука си затоа што сакаш да станеш мастер во WordPress? Се наоѓаш на вистинското место, и сето ова можеш да го совладаш бeз учење или познавање на програмски јазик. Запознај го инструкторот!
Aнтоние, ова е твојот петти курс за WordPress во Brainster! Каков профил на луѓе го посетија курсот до сега?
Претходните курсеви беа посетени од учесници кои имаа најразлични позадини и професии. Повеќето од нив се луѓе со идеи, конкретно со бизнис идеи кои сакаат да ги остварат во блиска иднина но поради недоволно познавање на интернет мрежата и програмските јазици неопходни за развој на веб сајтови, досега немале начин како да ја реализираат својата бизнис идеја. Голем дел од учесниците на курсот веќе имаа претходно познавање од областа на маркетинг, а имавме и доста новинари, контент писатели, претприемачи, сопственици на мали бизниси, студенти, итн.
Со какво знаење се стекнаа учесниците од претходните групи?
Учесниците на курсот стекнаа широк калеидоскоп од најразлични практични вештини. Секоја од стекнатите вештини ќе им овозможи целосно да го водат процесот од идеја за сајт, до комплетно функционален сајт со модерен дизајн. Почнавме со создавање на позадинскиот дел од сајтот (креирање бази на податоци, WP конфигурации), па администрирање на админ панелот (постови, страни, слики, категории, тагови, корисници итн). Потоа дигитален маркетинг (Google Analytics, Google Adsense, SEO), веб дизајн (дизајн на UX/UI), web-development (чепкавме по малку и CSS и PHP), па се до графички дизајн (оптимизација на слики за веб, дизајн на логоа и фавикони).
Што изработивте од почеток до крај?
На претходните курсеви изработивме комплетен и модерен компаниски сајт за фиктивна компанија од Скопје. До крајот на курсот сајтот е 100% завршен, со модерни визуелни елементи и анимации. На дел од курсевите, учесниците доаѓаа и со своја идеја, која за време на курсот ја реализираа. Сајтот е со готова содржина, со интегрирана функционална форма за контакт, копчиња за социјално споделување, голем front-page слајдер и галерија за слики. Низ курсот учесниците ги водам чекор по чекор низ процесот. Од планирање на сајтот, до наоѓање на соодветните плагини, инсталирање на нова тема и изменување на изгледот на истата да одговара со нашиот новосоздаден бренд.
Која е примената на WordPress во бизнис светот, и зошто толку голем број од сајтовите се на WordPress?
WordPress е open-source софтвер за менаџирање на најразлични видови содржина. Во моментов се употребува во преку 25% од сите веб сајтови во светот и не е потребно претходно познавање од програмски јазици. Овозможува за брзо време да подигнеме сајт населен со најразновидна содржина кој е спремен за посети од целиот свет. Огромната WordPress заедница, која е создадена од илјадници талентирани и креативни девелопери и дизајнери е заслужна за огромната популарност на WordPress. Голем дел од нивниот труд е достапен како слободни и бесплатни ресурси. Може да се најдат бесплатни теми, плагини и друг вид на реискористлива функционалност. Тие ни овозможуваат дополнително да го зголемиме растојанието од нас и програмските јазици и рутинските операции кои ни го одземаат времето.