Нестрпливи сме секој пат кога имаме инструктор кој треба да го запознаете. Михаил Ангелов е млад ентузијаст кој преку непосреден пристап ќе ве научи да оптимизирате веб сајт like a pro! Секако, со користење нa најефикасните алатки и реални вежби! 🙂
Претстави ни се, кој е Михаил Ангелов? 🙂
Михаил е зависник од сè што е дигитал, интернет, технологија, социјални медиуми. Сакам спорт, квалитетни филмови, јака и современа музика.. свирам тапани повеќе од 20 години! 🙂
Што работиш во моментов, што си по професија?
Магистер по економија, кој премина на фронт-енд девелопмент и дизајн па од таму во Интернет маркетинг! Имам работено за компанијата Httpool, каде повремено сум и нивен надворешен консултант за дигитален маркетинг. Работам freelance како SEO консултант и изготвувам дигитални маркетинг стратегии за различни мали бизниси, како и за стартап проект наречен Opfolio – софтвер за креирање на оптимално портфолио од акции.
Што да очекуваме од твојот Курс за SEO? ?
Од курсот можете да се запознаете со основите, широката перцепција и употреба на SEO кога станува збор за било каков допир со веб сајтови т.е кон која насока ќе се стреми целиот процес. Ќе ги разгледаме сите најатрактивни алатки за Search Engine Marketing пропратени со неколку интересни и корисни практични примери.
Кој треба да знае да работи SEO?
Сите дигитални маркетери, фронт-енд девелопери, веб програмери, growth хакери, сопственици на онлајн бизнис, продавачи на информатички решенија. Сите оние кои што сакаат да знаат повеќе за овој процес бидејќи можеби не се свесни но сепак им претставува дел од секојдневието. И секако, оние на кои им е драгоцено времето за побрзо пребарување на посакуваните информации или продукти на интернет 🙂
Според твојата кристална топка, што ќе се случи со SEO-то до 2020та? ?
Основите и семантиката скоро и нема воопшто да се променат. Како што ќе еволуира начинот на коj луѓето пребаруваат така и пребарувачите ќе се приспособуваат со цел подобро, побрзо и поточно да одговараат на потребите. Очигледно е дека ќе се зголемува употребата на пребарување од мобилни уреди. Така ќе растат и VOICE пребарувањата. Со тоа, ќе расте и вештачката интелигенција која што веќе е дел од алгоритмите на Google, Bing и останатите. Доаѓањето на Blockchain технологијата исто не треба да се занемари 🙂
Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови:
Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za seo, digitalen marketing skopje, makedonija. obuka za seo, обука за search engine optimization, kurs za search engine optimization.kurs za seo skopje, курс за search engine optimization.