Во текот на оваа година се одржаа неколку курсеви Photoshop за почетници кои ги посетија повеќе од 100 учесници. Погледнете што се учеше и си поминувавме на овој курс:
Курс Photoshop за почетници Ден 1 – Вовед во програмата
– Интерфејс, Главно мени, Алатки, Опции, Слоеви, Вежби: Отворање нов документ, различни палети на бои, промена на големина, сечење, комбинирање фотографии, трансформации
Курс Photoshop за почетници Ден 2 – Основни манипулации со фотографии
– Четки, Ретуширање фотографии, Бришење објекти, Филтери, Ефекти, Adjustments/Adjustment layers, Практични вежби: Обработка на фотографии
Курс Photoshop за почетници Ден 3 – Манипулација со фотографии
– Различни видови селекција, Канали, Маски и Adjustment layers, Менување бои, Бришење/менување на позадина, Практични вежби: Обработка на фотографии
Курс Photoshop за почетници Ден 4 – Композиција
– Текст, Графички елементи, Blending опции, Практични вежби: Комплетна обработка на фотографии
Освен вежбите кои ги правеа, учесниците имаа можност да ја пуштат својата фантазија и да создадат свои дела, ова се само неколку од нивните креации:
“Дознав за Photoshop курсот за почетници организиран од страна на Brainster, се запишав, го завршив и се стекнав со основни Photoshop вештини и сега креирам фотографии, создавам еден нов свет, само мој! Од срце го препорачувам на сите љубители на фотографијата и на убавите работи. Запишете се, бидете креативни, создавајте спомени, фотографирајте, забавувајте се и уживајте!“- Лилјана Клинчарова, учесничка на курсот
Со завршувањето на курсот учесниците се здобија со сертификати за посетен курс Photoshop за почетници и дополнително добија краток прирачник кој ќе им служи во понатамошната работа.
Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, Графички дизајн, Графички дизајн курс, Дизајн, print, Обуки, курс, Курсеви, обука, Kursevi, Obuki, kursevi skopje, Kurs, photoshop, курс Photoshop, obuki skopje, курсеви скопје, обуки скопје, Photoshop курс