Специјалност му е секогаш да ја пренесе информацијата на нов, свеж и необичен начин. Запознај го Кирил Ѓоргов, нашиот инструктор на 8 дневниот интензивен Курс за Adobe Photoshop CC.

 

Кирил, знаеме дека сакаш ведар и чист дизајн кој го привлекува вниманието на секого. Па, кажи ни нешто повеќе за твоите почетоци и работата како графички дизајнер.

Како графички дизајнер работам повеќе од 5 години. Имам стекнато искуство во многу маркетинг и PR агенции, а особено најдраг ми е почетокот во една маркетинг агенција каде имав можност да редизајнирам палета на производи на еден голем македонски и интернационален бренд.

Инструктор си на  Курсот за Adobe Photoshop CC. За кого е наменет овој курс?

Овој курс е наменет за сите почетници, без разлика дали се маркетери, индивидуалци или едноставно сакаат добар дизајн. Исто така, за оние кои сакаат да се навратат на основите од Photoshop и одличен е за идни дизајнери.

kurs za fotoshop

Со какви вештини ќе се стекнат учесниците од овој курс?

Со овој курс учесниците ќе се здобијат со основните и напредни вештини за ракување со сите алатки во Photoshop, како и совети за креирање на свој печат и свое портфолиo, како да се улови првиот клиент и што понатаму. Како дел од програмата на курсот, превидено е секој учесник да изработи неколку сопствени дизајни.

На какви проекти имаш работено до сега? Кој ти е омилен?

Моето портфолио е сеопфатно. Омилен не можам да одвојам бидејќи сите ми се подеднакво драги. Единствено можам да издвојам што ми е во последно време актуелно, а тоа е дизајнирање на тапет за тркачка кола која во текот на летово се натпреварува низ Македонија и соседните држави.

 

Сакаш да бидеш дел од новата програма за Adobe Photoshop CC? Разгледај ја тука.

kurs za adobe photoshop cc

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.