Сузана Лазаревска не е од оние кои уживаат на безбедно во комфорт зоната.

Факт е дека во текот на една кариера е неопходно да промениш неколку правци и професии, за да се пронајдеш онаму каде што вистински можеш да го дадеш својот максимум. Ова е уште една успешна приказна за кариерна промена на една од најамбициозните учесници на Курсот за Онлајн маркетинг!

 

Уписите се во тек  –  види програма тука.

 

1. Кажи ни нешто за себе, со што се занимаваш?

Јас сум дипломиран новинар и сѐ до пред некое време целиот мој професионален работен однос го поминав во струката за која и студирав – новинарството. Од неодамна сум практикант по Market research, а паралелно и блогерка на Filmsane.com филмскиот блог кој од крајот на мај го основав.

2. Како заврши во Brainster, зошто реши да се запишеш на Курсот за Онлајн маркетинг?

Па токму Filmsane беше причината за да го посетувам курсот. Бев свесна дека тоа што сум основач и блогер нема да биде доволно за да го промовирам Filmsane. Немав претходно искуство во тој оддел (бидејќи тоа претходно го вршеше цел тим во медиумите во кои работев). Токму затоа ми беше потребна помош во онлајн маркетинг. Добив поддршка и од мојот партнер да се пријавам за курсот, и воопшто не се двоумев за одлуката.

3. Како си помина, што ти се допадна најмногу?

Интерактивноста, практичната примена на наученото и фактот што целиот материјал беше пренесен од професионалци, но не здрвено и претенциозно. Професорски да го наречам. Не, тоа беше одлично направено со современи и обновени информации и совети.

4. Раскажи ни за твојот нов блог Filmsane, како одлучи да пишуваш и како ти оди до сега?

Пишувањето е нешто што сакам да го правам од кога знам за себе. Имав навистина среќа да студирам тоа што сакав, а веднаш потоа и да го работам тоа што го сакам. Велам дека ја имам најдобрата работа на светот. Гледам филмови и потоа пишувам за нив. Тоа го правам во досегашната моја професионална кариера (како филмски новинар и филмски рецензент), а сега конечно и на свој блог. Создадов малку поинаков блог. Создадов блог каков што јас отсекогаш сакав да прочитам, а сега имам целосна креативна и уметничка контрола врз мојата креација. Целосно посветена на филмската уметност.

5. Кој е првиот твој текст кој им го препорачуваш на сите да го прочитаат?

Па Filmsane е замислен како креативен outlet за сѐ што е поврзано со филмот, сериите, geekdom-от итн… Но, навистина би ги препорачала филмските рецензии. Сѐ до основањето на Filmsane јас бев рецензент и во повеќе други македонски медиуми, но сега за прв пат одлучив тие да ги направам на англиски и со „ .com “ домејн за пошироката публика надвор од Македонија. Во рецензиите се трудам да го применам целосното мое искуство и знаење кое го стекнав во изминатите 8 години, но и да останам колку што можам по објективна.

6. Како го применуваш знаењето што го стекна на курсот?

Па, тоа е процес кој трае. Секојдневно наоѓам начин како да го применам знаењето во пракса и тоа е прекрасно. Без разлика дали е преку користење на некоја платформа или едноставно промовирање на некој мој пост на Facebook. Можностите се бесконечни.

7. Што би ги советувала оние кои не ги остваруваат своите соништа и не преземаат ризици?

Има еден фантастичен филмски цитат кој веќе една декада ми се врти во глава и кој си го применувам во моментите кога ми е потребна доза на храброст при донесување на големи одлуки и преземање на ризици. A real loser is someone who’s so afraid of not winning, they don’t even try. Алан Аркин го кажа во Little Miss Sunshine и верувајте дека има неверојатна вистина во него. Да, понекогаш ќе загубите, понекогаш ќе згрешите, но, од стравот да не ги остварите соништата, или од стравот од пораз – вие нема ни да се обидете?

 

Новата програма за овој курс можеш да ја разгледаш тука.

kurs za marketing

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг