Љупка Наумовска: Мулти-генерацискиот маркетинг е задолжителен за секој бренд

Доколку се уште не си започнал со активна примена на мулти-генерацискиот пристап во креирањето на комуникациски кампањи, време е да побрзаш.

Новиот курс за маркетинг концепти за генерациите X,Y,Z започнува наскоро!

4те активни генерации денес (Baby Boomer – и, Х, У и Z) се одликуваат со најизразени различности, преференции и навики и создаваат итна потреба од моделирање на маркетинг и бренд стратегиите. Моделирањето подразбирање стилизирање на концептот, прилагодување на визуалното претставување, различни медиа миксови и соодветно временско планирање.

Baby Boomers и генерација X: Се уште се носители на капиталот и одлуките

Високите општествени и професионални позиции на топ и среден менаџмент, консултанти, дипломати и експерти се уште се окупирани од овие две генерации. Оттука, овој сегмент не само што не смее да се занемари туку треба да се приоретизира со прецизно аплицирање на веќе спознаените купувачки патерни, медиа преференции и купувачко однесување.

Boomer-ите кои не се пензинирани се најверојатно подолго време на истата работна позиција, носат предвидиливи одлуки за производи и услуги, но истовремено, во неочекувано висок процент ги конзумираат содржините на социјалните медиуми, иако навиките за онлајн купување им се скромни, дури и непостоечки. Слично потрошувачко однесување имаат Boomer-ите кои се во пензија, само кај вторите таргетирањето и временското услогласување е сосема различно.

Генерацијата X е во пикот на заработувачката, а со тоа и на потрошувачката моќ. Иако активно ја користат технологијата и уредите, не се зависно врзани како нивните наследници. Свои, индивидуалисти, со јасен став и вкус, остануваат лојални на брендовите кои ја добиле нивната доверба преку претходни искуства и кои ги комуникацираат континуирано и активно преку продажни акции.

Феноменот на Millennials (генерација У)

Генерацијата за која се направени најрадикалните маркетинг промени во последните 60 години, гордо го носи своето име Millennials, акцентирајќи го транзитот од офлајн кон онлајн комуникацијата, промените во начинот на социјално општење на луѓето, промените во начинот на носење на куповни одлуки и креирање на сосема нови купувачки патерни. Тие се дел од причината зошто скоро секој бренд има свој Twitter, Instagram, и ги споделува своите медиа изјави на Facebook. Сосема заслужено оваа генерација е носител и генератор на 4тата индустриска револуција која се уште ја живееме. Но, доколку сме процениле дека дигиталната кампања е сосема доволна да ги таргетираме, грешиме.

Пред да донесат куповна одлука, Millennials прават детално онлајн истражување, чии резултати ги вкрстуваат со мислењата на своите блиски кои ги почитуваат или пак со ставовите на микро-инфлуенсерите. Кај нив, Review-ата се основен предуслов за избор на ресторан, патување или хотел.

Добро е да се забележи дека временската рамка на нивното внимание е 8 секунди, па оттука, кратки анимации, инфографици и видеа се супер решение за комуницирање со нив. Брендовите кои водат активно општествено – одговорни кампањи имаат најсилна шанса за освојување на нивната лојалност, како и компаниите кои водат позитивна политика на почитување на различности, делуваат инклузивно и се автентични во внатрешната и надворешната комуникација.

Зет генерација – да ги врземе добро појасите!

Овие припадници за многу кратко време ќе започнат со своите професионални кариери. Според некои експерти, станува збор за најрадикалната разлика во човековата еволуција. Веќе е познато дека и даваат приоритет на својата индивидуалност и кариери со кои сакаат да го променат светот. Родени се во ера на интернет, непознавајќи ги времињата без мобилни и технолошки уреди. Скоро и да не поседуваат предрасуди по ниту еден основ, главно поради глобалноста на светот во кој се родени како и благодарение на лесната пристапност до информации. Мултикултурно ориентирани, либерални по основ на религија, раса, пол и етничка припадност, гледаат на работите на сосема поинаков начин.

Растат на мобилни уреди, поседуваат висока когнитивна интелигенција и се брзи во учењето на нови содржини. Сепак, имаат загрижувачки ниска социјална интелигенција, која веќе се адресира на глобално ниво и може да се одрази во професиите и тимската работа. За брендовите ова значи да ги комуницираат во мали дози, со кратки и силно визуелизирани пораки, со користење на добро испланиран временски пристап.

Од аспект на содржина, треба да им се кажува вистината, а никако да не се споделува содржина со прекумерно идеализирање и претенциозност. Имаат одбивност кон строга структура, авторитети и хиреархија.

Што да се преземе?

При планирањето на следната кампања, нека ти биде важна креативноста, но зголемено и приорететно вниманието обрни на математичко – статистичките анализи за да откриш во кој сегмент припаѓа твојот таргет, како можеш да ја освоиш или задржиш, како да го прилагодиш контентот и на кои медиуми и во кое време да ја испратиш посакуваната порака.

Треба да го констатираме фактот дека се соочуваме со најспецифичната публика од постоењето на маркетинг комуникациите, а со тоа го верификуваме и податокот дека една кампања не може да таргетира повеќе генерации без соодветни моделирања на содржината и медиумите.

Користејќи го правото на припадник на Millennials да иницирам промени, сигурна сум дека и овие се за добро! Врзани сме, може да полетаме 🙂

kurs za marketing koncepti

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.