Кога зборуваме за работа на реални проекти, навистина го мислиме тоа. Ако некогаш ти стигнал мејл од „Александра од Brainster“ – сега можеш подобро да ја запознаеш.
Со учесниците од Академијата за дигитален маркетинг работи на нивните вештини за Lead Generation + E-mail маркетинг меѓу другото, па еве што можеш да очекуваш.
Уписите се во тек, види ја програмата тука.
Работењето digital (особено во Агенција) го бие глас дека е брутално. Долги саати во канцеларија, решавање на PR кризи од плажа додека си на одмор, рокови и стрес. Знаејќи го ова, зошто некој би го одбрал како нова кариера?
Не е далеку од вистината, меѓутоа маркетингот е интегрален дел од успехот на компанијата. Marketing is too important to be left to the marketing department (Seth Godin). За да бидеш комплетен и успешен маркетер мора да навлезеш и во бизнис делот за да можеш подобро да ја работиш твојата работа. Треба да бидеш носител на добрата деловна култура, да ги разбираш процесите и да знаеш да работиш во тим. Според мене, следното скалило кое може да дојде по “Лидер на меркетинг тим” е сопственк на компанија. Доколку ниту едно од тие две скалила не е на твојата “to-do” листа, тогаш барај маркетинг позиција која не е стресна меѓутоа не очекувај ништо повеќе од тоа.
Дигиталниот пејзаж ни дава шанса да експериментираме со маркетингот. Каде ти се пронаоѓаш најмногу?
I love building things. Со оживувањето на една маркетинг кампања поминуваш низ креативен процес во кој измислуваш, пласираш, подесуваш и мериш резултати од серија на алатки. Никогаш не знаеш во која насока можат да отидат реакциите на твојата публика, но со тек на време (и со повеќе искуство) можеш да претпоставиш.
Тоа што го прави e-mail маркетингот една од најинтересните маркетинг алатки за мене, се резултатите кои ги постигнува за Brainster. Процесот на стратешко планирање на насоката во која ќе одиме со кампањата и креативниот дел (дизајн и копирајтинг) се подеднакво интересни. Во моментов просечниот органски досег на e-mail пораките (на светско ниво) е поголем од 20%, додека на социјалните мрежи е 2%. Тоа значи дека со 0 буџет, нашата порака ќе стигне до повеќе луѓе преку e-mail.
Што треба да знаат идните e-mail маркетери?
The competitors can not outyou you. Твојот е-mail маркетинг треба да го отсликува духот на компанијата, и да ги носи вредностите зад кои стоите. Затоа, нема универзален рецепт за тоа како треба да изгледаат твоите кампањи. Публиката добива впечаток за компанијата преку твојата интегрирана маркетинг стратегија. А e-mail сандачето е најблиску до публиката што ти можеш да стигнеш. Затоа, земи го духот кој го носи твојата компанија, и оди еден чекор подалеку. Овде (во нивниот inbox) треба да комуницираш како да се познавате многу, многу добро. E-mail маркетингот е каналот преку кој можеш да направиш силна конекција со твоите потенцијални клиенти. Step outside the box!
Како изгледа твојот час на Академијата? Како вежбате?
Почнуваме со влегување во ист mindset: кај e-mail маркетингот less is more. Потоа работиме. Тргнуваме од почеток а стигнуваме до крај. На крај од модулот сите учесници ќе знаат да креираат newsletter-и и Landing страни, собираат лидови, интегрираат различни сервиси, и секако – автоматизација на процесите за поголема ефикасност. Одиме чекор по чекор, за на крај сите да имаат изработено минимум една Landing страна и неколку newsletter-и. По завршувањето, учесниците се самостојни e-mail маркетинг нинџи, со голем потенцијал од таму да станат ѕверски копирајтери. 🙂
3 newsletter-и изработени на минатата Академија за маркетинг од Ивана Которчевиќ, Христина Ефинска и Виктор Ѓорѓиевски.
Како ти спремаш еден newsletter? Од каде почнуваш?
Прво се прашувам која е целта на мејлот. Што сакам да постигнам, т.е која е мојата порака? Вториот чекор е наслов – како ќе посакаат оние на кои им го праќам, да го отворат? Насловот треба да биде интересен, ама да не открива премногу. Потоа го дизајнирам мејлот и на крај носам одлука на која листа ќе го испратам, т.е која е публиката на која сакам да и се обратам. За ова ми треба пола саат 🙂 Еднаш напишав фин текст на темава.
Од каде да почнат почетниците?
Прво, мора одлуките да бидат донесени! 🙂 Од каде ќе доаѓаат адресите? Кој сервис ќе се користи? Како ќе се интегрираат сервисите меѓу себе? Дали ќе има автоматизација? Како ќе ги сегментираме листите? Потоа, e-mail маркетингот се сведува на креативност во комуникација, квалитетен контент и генерирање на нови лидови. Важно е на самиот почеток да не се направат грешки затоа што една погрешна одлука може да значи крај на целиот e-mail маркетинг за твојата компанија. Сè ова, учиме на Академијата за маркетинг.
Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.