Ивона Крстеска – Инструктор за AutoCAD во Brainster

Едвај чекаме да започне новиот курс за AutoCAD! Ја прашавме Ивона што можеш да очекуваш од овој технички курс, и со какви знаења ќе излезеш од него.

Здраво Ивона! Освен што си магистер архитект инженер.. што друго ќе ни кажеш за себе? 🙂

Како што и веќе преку програмата за курсот се запознавте, јас сум Ивона! По професија архитект, работам во архитектонско-градежна фирма веќе 6 години активно. Посветена сум на својата работа, со огромно задоволство и страст работам на секој проект што ќе дојде до мене бидејќи сметам дека секој проект е уникатен сам по себе и заслужува посветеност и внимание.

Така функционирам и во приватниот живот, посветена сум на своето семејство и пријателите кои ме опкружуваат, сакам да се дружам, да споделувам знаење и информации, сакам ентузијастички да откривам нови работи и да се откривам себеси. Освен професијата во слободно време се бавам со други активности кои го исполнуваат моето секојдневие, моментално сум член на млада невладина организација каде што се посветувам на поставените цели и задачи.

Курсот за AutoCAD 2D ќе биде интензвен и практичен. За кого е овој курс наменет, и зошто да се биде дел од него? Што ново ќе научат учесниците?

Курсот е наменет за сите архитекти, инженери од секоја област и лица од различен професионален калибар кои имаат желба да ја запознаат програмата AutoCAD која се користи секојдневно во техничкиот свет и е една од најпопуларните програми за 2D цртање. Поради овие факти сметам дека овој курс ќе биде од полза за сите кои сакаат да ги совладаат основните алатки за цртање во програмата кои се основа за понатамошно работење и цртање во истата.

kurs za autocad

Дел од портфолиото на Ивона можеш да го разгледаш тука.

Со какво знаење ќе се стекнат учесниците по завршувањето на курсот?

Програмата за овој интензивен курс по AutoCAD е плански дефинирана така што учењето ќе оди систематски. Посетителите на курсот етапно ќе се запознаваат со можностите за цртање преку алатките кои се користат во програмата. Очекувам по завршувањето на курсот, учесниците самостојно да можат да цртаат дводимензионални цртежи во програмата со соодветна естетика, прецизност и други потребни информации кои треба еден професионален цртеж да ги содржи, независно за која професија се работи.

Кои професии имаат потреба од добро познавање на работата во AutoCAD и на каков начин ги олеснува сите предизвици?

Изучувањето на AutoCAD е од несомнена важност уште при почетокот на студиите за студентите запишани на истите. Секако и за сите оние професионалци кои работат во овој програм, па сакаат да ги освежат своите знаења. Во оваа категорија спаѓаат сите студенти на техничките факултети кај нас и индивидуалци кои професионално го работат ова, почнувајќи од архитектите, машинските инженери, градежни инженери и други.

kurs za autocad

Related Stories For You