Креирајте убави веб сајтови – маркетинг алатка #19

„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Како за некој кој поминува доста време на нет читајќи по различни сајтови и истражувајќи генерално, можам со сигурност да ви кажам дека постојат голем дел на сајтови кои не се достојни да се нарекуваат сајтови. Толку се обични (да не кажам грди), тешко се за снаоѓање низ нив, а пак за интерфејс и user-friendly да не збориме. Но за ова не можам да ги окривам основачите на бизнисите затоа што сите знаеме колку е тешко да се направи убав и интересен веб сајт?


Популарни курсеви:


Но затоа сме му благодарни на Weebly. Weebly им помага на луѓето кои не се дизајнери да креираат убави веб сајтови, блогови па дури и онлајн продавници. Уште од самиот старт во 2007, година кога беа дел од Y Combinar-от, па се до денес, успешно менаџираат повеќе од 30 милиони корисници на светско ниво и имаат пазарно учество од 2% од сите сајтови кои се онлајн.

01-Homepage
Она што последно нешто го имаат направено, со цел да го подобрат Weebly и издигнат на едно повисоко ниво е Weebly Carbon кое им овозмува на корисниците да креирааат, drag-and-drop, едитираат и генерално менаџираат сопствениот веб сајт од било кој уред. А тука е и новиот App Center, кој нуди повеќе респонзивни теми и новодизајниран едитор.

03-Editor
Last but not least, она што го прави Weebly уште поинтересен е фактот што истиот е лесно достапен (па дури и за наши балкански услови). Weebly ви нуди бесплатна верзија, која ви нуди буквално се (дури и бесплатен хостинг). Доколку имате потреба од некои “финеси”, можете да одберете еден од Стартер, Про или Бизнис пакетите. Најскапата верзија со целосно интегриран ecommerce решение ќе ве чини 25 американски долари.

05-Blog
Кој е вашиот изговор сега кога е во прашање лошиот и грд вебсајт?! Нема повеќе оправдувања! Регистрирајте се на Weebly и започнете да направете сајт кој му доликува на вашиот бизнис.

 

Сакате да добивате известувања за бесплатни курсеви? Регистрирајте се тука

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You