Дали знаете што имаат заедничко хелп дескот кој го користите со софтверот за email-marketing и системот за customer-relationship менаџмент?
Сите овие алатки ги содржат податоците од вашите клиенти.

Доколку сакате овие информации да ги сортирате на едно место и да креирате целосен профил и временска линија од активностите на вашите клиенти, тогаш ќе ви треба Tropical.

customer-graph
Сите апликации кои ги користите содржат податоци кои се профитабилни за вас, но истовремено е екстремно тешко да ги обработите сите информации со цел да добиете јасна слика за вашите потенцијални и сегашни клиенти.

Tropical ќе ги централизира сите акции и интеракции помеѓу вас и вашите потенцијални клиенти и ќе креира хронолошки временска рамка со чија помош ќе добиете целосен профил од вашиот потрошувач.

full-customer-profile-text

Со негова помош ќе можете да испраќате екстра-таргетирани email нотификации до одредена група на корисници во зависност од нивното однесување, демографски податоци, историја на купување и слични податоци.
Една од опциите на Tropical е можноста да креира обединета временска линија од сите интеракции на вашите клиенти. Со ова вие ќе имате предност доколку сакате подетално да навлезете во профилот на вашиот потрошувач и да креирате персонализиран пристап кој ќе ви ја олесни интеракцијата.

customer-profile

Откако ќе добиете појасна слика за однесувањето на вашите клиенти, ќе можете попрецизно да ги таргетирате и да им испраќате персонализирани email нотификации, да започнете автоматизирани маркетинг кампањи, да следите одреден сегмент и многу други опции. Ќе имате можност да сегментирате целна група користејќи ги информациите за нивното однесување, демографските податоци, ангажираност, циклус на продажби, историја на купување и други корисни податоци.

Со самото тоа што ќе започнете со испраќање персонализирани email нотификации, ќе ја зголемите конверзијата и ќе ги зајакнете односите со вашите клиенти.
Tropical ќе ви овозможи да дојдете до правите контакти со точно одбрана содржина пренесена на вистинскиот начин.

„Маркетинг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Среќно,

Brainster заедницата

 

Учи академија додека
студираш на факултет

Доделуваме стипендии до 1000€, за зголемување на вработливоста на студентите!