Што всушност е Software Testing – ја прашавме Кате од Академијата за QA

„Имам другар софтвер тестер“ е новото „имам другар програмер“!

Големата побарувачка на пазарот токму за луѓе со оваа вештина, поттикна многумина да се заинтересираат за што станува збор. Токму затоа, ја замоливме Катерина Крстовска од Академијата за Software testing во Brainster и личност што најдиректно се грижи за целокупното искуство и стекнато знаење на студентите, да ни ги појасни малку работите.

Таа веќе неколку години успешно ја гради својата кариера како Software Testing инженер и работи на многу возбудливи software testing проекти.

Кате здраво. За да те запознаеме малку подобро, кажи ни збор два за себе.

“Don’t work hard, work smart!” – тоа е мотото по кое се водам во животот. Од таа причина, во слободно време се обидувам да се посветам што повеќе на читање и осознавање на работи кои ќе ја разбудат креативноста во мене и така се раѓаат нови идеи, нови цели и нови хоризонти. За себе би можела да кажам дека сум супер организирана личност, а ова е една од особините која игра голема улога во мојата професија и сигурна сум дека со добра организација може да се постигнат многу работи.

Како би му објаснила на некој што нема никакво познавање воопшто, што всушност е Software Testing?

Software Testing претставува процес, кој го извршува софтвер тестерот и негова цел е да провери дали софтверот го исполнува одредениот критериум кој што е очекуван да го исполни или пак има некој дефект. Тестерот дава зелено светло доколку софтверот е без дефект, а доколку постои дефект, го пријавува. Сето ова е еден циклус кој се повторува сè додека не се поправат сите грешки во системот.

Како изгледа работата на еден Software Tester? Како изгледа работата на еден проект од почеток до крај?

На почеток од секој проект, софтвер тестерот добива спецификација. Тоа е еден документ во кој детално се опишани сите делови од софтверот кој почнува да се развива. Тестерот прави анализа на спецификацијата и почнува да го спрема тест сценариото. За секоја функционалност се пишуваат тест кејсови. Кога програмерите ќе завршат со програмирање на некоја функционалност, тогаш тестерот прави егзекуција на веќе напишаните тест случаеви (test cases) и чекор по чекор ја тестира функционалноста. Доколку наиде на некој дефект или тестерски кажано „баг”, го пријавува кај програмерите и тие го поправаат. Поправениот „баг” се враќа кај тестерот за да го тестира по втор пат и ако е сè во ред го затвора како поправен и продолжува со тестирање на друга функционалност. Постојат многу сценарија за тестирање во SDLC – Software Development Life Cycle, но најбитно е на крајот дека по тестирање на целиот систем и  поправањето на сите „багови”, тестерот дава потврда дека софтверот ги исполнува сите критериуми од спецификацијата.

Што е она што тебе те привлече да ја започнеш оваа кариера? Што е она што прави да ја сакаш оваа работа?

Тестирањето на софтвер во последно време стана многу популарна професија. Постепено почнав да се распрашувам и да истражувам на оваа тема. Најпрвин многу површно, но потоа интересот сè повеќе растеше и решив целосно мојот фокус да го насочам кон ова. Сметам дека е многу интересна професија на која и претстои многу голем развој во иднина. Секој ден се учат нови работи, а и со развивање на технологијата, излегуваат многу нови алатки кои се од голема помош при тестирање. Исто така уште едно позитивно нешто кај оваа професија е тоа што му дозволува на софтвер тестерот да биде креативен и иновативен, да го користи и усовршува своето “eye for detail” кое што некогаш може и да е клучно за некој проект. Може да дава свои предлози за тоа што би можело да се подобри бидејќи има друг mindset, кој му овозможува да има друг поглед на работите.

На каков тип на проекти најчесто работат Software тестерите. Кои индустрии најчесто имаат потреба од нив?

Во денешно време секоја компанија која работи со развивање на софтвер има потреба од софтвер тестери. Без разлика од проектот на кој работи компанијата, како што се развива софтверот треба и паралелно да се тестира. Најчесто нашите компании работат на развивање на банкарски софтвери, софтвери за осигурителни компании, медицински софтвери, софтвери за онлајн обложувања и многу други.

Кои предиспозиции треба да ги имаш за успешно да ги совладаш вештините за да станеш софтвер тестер и кои вештини се потребни за да започнеш кариера?

Секој човек поединечно носи различни квалитети во себе. Најбитно нешто за оваа професија и тоа што е потребно да го има еден тестер е “eye for detail“. Понатаму како некои меки вештини кои може да се издвојат, а и на кои работодавците обрнуваат многу внимание се:

  • Да се добро организирани, па дури и перфекционисти
  • Да знаат добро да ги изразат и изнесат своите идеи и мислења
  • Да бидат комуникативни
  • Да сакаат да учат нови работи
  • Да бидат отворени за промена
  • Да бидат тимски играчи
  • Да размислуваат out of the box

Токму ова ја прави професијата привлечна за сите оние кои сакаат да влезат во IT индустријата, а немаат никакво предзнаење од програмирање. Далеку од тоа дека професијата софтвер тестер не бара технички познавања, но овие набројани меки вештини се одлична основа за да се започне со учење на сите технички вештини неопходни да се почне кариера.

Кажи ни што може да очекуваат сите оние кои сега студираат и оние кои во иднина ќе се запишат на академијата?

Академијата е организирана така што ќе ги подготви студентите за кариера во Software testing, учејќи ги за најактуелните вештини, алатки и техники на тестирање, кои во моментов се најбарани на пазарот.

Се започнува со стекување основни познавања од ИТ вештини, поточно во делот на бази на податоци (SQL), Linux команди и основи на објектно ориентирано програмирање.

Потоа преминуваме на делот посветен на Manual Testing, каде студентите ќе се запознаат со начините на дизајн на тестирањето, типовите на тестирање и начините на репортирање на дефектите.

Потоа се префрламе на Automated testing каде студентите ќе ги научат најважните концепти поврзани со автоматизираното тестирање со помош на Selenium WebDriver, Rest API Testing и Appium. Сите овие стекнати вештини ќе ги заокружиме со совладување на процесот на Performance testing со помош на Jmeter.

За крај, за да им помогнеме на нашите студенти уште полесно да дојдат до нова кариера. Работиме со нив на кариерни вештини, подготовка на презентација, ново CV и портфолио, LinkeIn профили, ги учиме како да се спремат за нивнот прво интервју во некоја од ИТ компаниите.

Ако сакаш да започнеш кариера во ИТ индустријата, без разлика на твоето претходно искуство и образование, во тек се уписите за Академијата за software testing која ќе те подготви за блескава нова кариера. Резервирај го своето место на време!