Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Во продолжение на претходната лекција еве ти уште неколку принципи на Neuro Web Design кои ќе ти помогнат во градењето на одличен Web сајт!

Зборување на јазик “Јас”

Ако сакаш да привлечеш нечие внимание, потенцирај ги потребите и желбите на личноста. Луѓето сакаат да бидат во центарот на вниманието. Во целата твоја комуникација, пробај што повеќе да го вклучиш корисникот.

Градење заедница

Секој има своја приказна. Приказните можат да бидат моќни, а идејата е да се активира вистинската личност во нас. Поверојатно е некој да преземе акција ако е инспириран од нечија приказна.

Слики и приказни

Најдобриот начин да комуницираш со несвесниот ум е преку комбинација од слики и приказни. Вниманието на твојот корисник го добиваш преку визуелизација. Комбинацијата од приказни и слики, освен што го задржува вниманието туку и помага полесно да се запомнат информациите.

Make it social

Луѓето се социјални суштества. Ако сакаш да направиш голема платформа, нека има социјален елемент. Без разлика дали е социјална мрежа или обичен вебсајт, луѓето бараат технологија која ќе им помогне да бидат дел од групата.

Страв од пораз

Емоциите се уште еден фактор за полесно помнење на некое случување. Човекот е програмиран полесно да ги забележува малите детали кои можат да резултираат со загуба. Дали нешто 90% е добро или пак 10% лошо? Твојата публика дефинитивно реагира и на најмалите промени.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.