Сигурно досега сте слушнале многу пати за важноста која ја игра pitch deck презентацијата во светот на стартапите, но најпрвин накратко за нив. Pitch deck-овите се есенцијални алатки за прибирање на средства – без разлика дали ја презентирате вашата идеја или постоечки бизнис и барате 50.000 ЕУР или 5.000.000 ЕУР. Во принцип, станува збор за презентации, сочинети од неколку слајдови, во кои се објаснува продуктот или бизнис моделот пред потенцијални инвеститори. Со други зборови, се врши визуелно презентирање на вашата приказна – зошто постоите, кој проблем го решавате и најважно – како го решавате.
Должината на овие презентации знае да биде од 2 минути па се до 20-30 минути. Реално, најголемиот дел од презентациите се во долната граница на должина… Што значи дека шансите вашиот бизнис да добие инвестиција во определен период се сведуваат на тие 2-5 минути кои ги имате на располагање.
Што може да се каже во период од 2-5 минути?
Многу и ништо. Се ќе зависи од вашата спремност како презентер но и од визуелните материјали и содржина (читај слајдови) кои ги имате припремено за вашите потенцијални инвеститори. Guy Kawasaki еднаш има кажано: За претприемачот, животот е во презентацијата (pitch)! Ако подобро размислиме, навистина е така. Од умешноста на претприемачот ќе зависи и реализацијата на неговиот претприемачки сон (до одреден степен). Затоа многу битно е структурирањето на презентацијата и на слајдовите со единствена цел: задржување на вниманието на потенцијалните инвеститори и “продавање” на бизнис концептот / продуктот.
- How to pitch perfect работилница – искористе ја оваа уникатна можност и добијте 10% попуст на овој курс. За да го активирате попустот, притиснете на следниов линк
Имајќи долгогодишно искуство како автор од Силиконската долина, претприемач и говорник, Guy Kawasaki има неколку совети за стартапите низ светот, кои можеме да ги сумираме во 2 дела:
- Правилото на PowerPoint презентациите (10/20/30)
Тоа значи – имајте 10 слајдови, максимум време на зборење 20 минути и користење на фонт со големина 30.
- Pitch Deck препорака
Имајќи го долгогодишното искуство акумулирано во Силиконската Долина, советот на Guy Kawasaki околу типот на слајдовите се сведува на следниве:
Запомнете: 10-те слајда наведени погоре го претставуваат јадрото на содржината за било кој pitch deck. Целта на првиот состанок е да го искористите pitch deck-от за да ги заинтригирате инвеститорите за понатамошни средби кои евентуално би резултирале со инвестиција.
Но, сфатете го pitch deck-от сериозно. Ако ви требаат повеќе од 12 слајда за да ја пренесете приказната за вашиот бизнис, тогаш дефинитивно не го разбирате доволно добро вашиот бизнис и треба да се вратите во канцеларија за да направите корекции.
Среќно,
Brainster заедницата
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Photo credit: iGEM Asia Jamboree 2012 via photopin (license)