Како да креираш текст со ретро „гранџ“ ефект во Adobe Photoshop

Со овој туторијал ќе те научиме како да правиш текст со ретро изглед во Photoshop. Ајде да започнеме!

  1. Како да создадеш Pattern Layer (слој со текстура)

Чекор 1

Креирај нов документ со димензии 512 x 512 px со бела позадина. Направи копија од слојот со позадина (Background), десен-клик на копијата, и одбери Convert to Smart Object.

image001

 

 

Чекор 2

Подеси ги Foreground и Background (преден план и позадина) боите на црна и бела, потоа одбери Filter > Render > Clouds.

image003

 

  1. Како да и додадеш „гранџ“ нијанса на текстурата

Чекор 1

Одбери Filter > Filter Gallery > Texture > Grain, и искористи ги овие поставки:

Intensity: 60

Contrast: 0

Grain Type: Sprinkles

image005

 

 

Чекор 2

Кликни на New effect layer иконата која се наоѓа во долниот дел на прозорецот (Filter Gallery) за да додадеш уште еден ефект.

Одбери Sketch > Halftone Pattern, и искористи ги овие поставки:

Size: 2

Contrast: 6

Pattern Type: Dot

 

Чекор 3

Повторно кликни на New effect layer иконата за да додадеш уште еден ефект.

Одбери Sketch >Graphic Pen, и искористи ги овие поставки:

Stroke Length: 15

Light/Dark Balance: 50

Stroke Direction: Right Diagonal

Притисни ОК кога ќе завршиш.

image005

Чекор 4

Оди во Edit > Define Pattern, и напиши Front Pattern (текстура-преден план) во полето за име (Name).

image011

 

  1. Како да креираш позадина со едноставна текстура

Чекор 1

Креирај нов документ со димензии 950 x 750 px, кликни на Create new fill (креирај нов слој) or adjustment layer (прилагодување на слој) иконата во дното на Layers панелот, и одбери Solid Color (боја).

image013

 

Чекор 2

Избери ја бојата #a2563b за боење на слојот.

image015

 

Чекор 3

Двоен-клик на слојот со боја за на него да аплицираш Pattern Overlay ефект користејќи ги поставките:

Blend Mode: Soft Light

Pattern: Dots

image017

 

Со ова ќе ја создадеш подлогата на позадината.

image019

  1. Како да креираш 3D текст и негова сенка

Чекор 1

Креирај текст употребувајќи го фонтот Burford. Бела боја, со големина 350 pt, и подеси ја опцијата Tracking на-75.

image021

 

Чекор 2

Преименувај го слојот со текст во Text, десен-клик на слојот со текст, и одбери Convert to Smart Object.

image023

 

Чекор 3

Направи копија на слојот со текст.

image025

 

Чекор 4

Повторно направи копија на слојот со текст, преименувај го слојот во Extrusion, и потоа стави го во група која исто така ќе ја именуваш Extrusion.

image027

 

Чекор 5

Селектирај го слојот Extrusion и притисни Command-T (Free Transform Mode), команда со која можеш да го трансформираш објектот (во овој случај текстот). Притисни ги копчињата со стрелки лево и долу по еднаш, за да го поместиш слојот за 1 px во двете насоки.

Притисни го копчето Return за да ги прифатиш промените.

image029

 

Чекор 6

Притисни Shift-Command-Option-T околу 20 пати за да содадеш 20 копии со истата транформација која ја направи во претходниот чекор.

Бројот на копии можеш да го менуваш во зависност од тоа колкава сакаш да биде третата димензија на текстот (објектот).

image031

Чекор 7

Селектирај го Extrusion слојот и сите негови копии, потоа одбери Layer > Arrange > Reverse за да го добиеш точниот редослед на слоеви.

image033

Чекор 8

Направи група за слоевите кои ќе бидат во преден план (Front group), и во неа постави ги првите три слоја. Потоа направи група за слоевите кои ќе бидат во заден план (Back group), и во неа постави ги последните три слоја. И за крај направи група (Middle group) во која ќе ги поставиш сите слоеви кои се наоѓаат помеѓу првите и последните три слоја.

image035

Чекор 9

Направи копија на последниот слој од групата на слоеви во заден план, и преименувај ја копијата во Сенка (Shadow).

Направи нова група, именувај ја Сенка (Shadow) и во неа постави го новокреираниот слој.

image037

Чекор 10

Употреби ги повторно чекорите за транформација и копирање за да направиш неколку копии на слојот Сенка (Shadow), само што овој пат слојот Сенка помести го за 1 px на десно и за 1 px надолу.

image039

Чекор 11

Постави ги копиите на слојот Сенка (Shadow) по обратен редослед.

image041

Чекор 12

Слоевите Текст (Text) и неговата копија (Text copy) постави ги во група која ќе ја именуваш Text group.

image043

  1. Како да ги стилизираш слоевите со текст

Двоен-клик на копијата на слојот со текст и примени ги следните чекори:

Чекор 1

Додади Stroke (контура) со овие поставки:

Size: 3

Position: Inside

Color: #fbe8d2

image045

Чекор 2

Додади Inner Shadow (внатрешна сенка) со овие поставки:

Blend Mode: Linear Burn

Color: #515151

Opacity: 50%

Distance: 6

Choke: 50

Size: 5

image047

Чекор 3

Додади Color Overlay со овие поставки:

Color: #f5edea

Blend Mode: Darker Color

Opacity: 50%

image049

Чекор 4

Додади Pattern Overlay со овие поставки:

Blend Mode: Color Burn

Pattern: Sawtooth

Scale: 50%

image051

Чекор 5

Промени ја вредноста на полнењето (Fill) на копијата на слојот со текст на 0.

image053

Чекор 6

Двоен-клик на слојот со текст за да додадеш Pattern Overlay ефект со овие поставки:

Opacity: 95%

Pattern: Front Pattern

Scale: 50%

image055

Со тоа ја завршивме стилизацијата на предниот план на текстот.

image057

Чекор 7

Двоен-клик на групата  именувана Front за да додадеш Color Overlay ефект користејќи ја бојата#3c3b3b.

image059

 

Чекор 8

Двоен-клик на слојот од претходниот чекор, одери Copy Layer Style, десен-клик на слојот именуван Back (Заден план), и одбери Paste Layer Style.

Отвори ја групата именувана Middle, селектирај ги сите слоеви кои се во неа, десен-клик на било кој од нив, и повторно одбери Paste Layer Style.

image061

 

Чекор 9

Двоен-клик на групата од претходниот чекор за да додадеш Pattern Overlay со овие поставки:

Blend Mode: Divide

Opacity: 35%

Pattern: Diagonal line medium

image063

image065

 

Чекор 10

Двоен-клик на групата именувана Shadow (Сенка) за да додадеш Color Overlay ефект со овие поставки:

Color: #a89a96

Blend Mode: Multiply

Opacity: 75%

image067

 

Чекор 11

Промени ја вредноста на исполната (Fill) на групата Shadow (Сенка) на 0%.

image069

 

  1. Како да работиш со текстури

Пред да ги додадеш текстурите, трите групи кои ги креиравме во погорните чекори стави ги во една заедничка група и именувај ја Text Effect (Ефекти на текст), за да биде прегледно.

Чекор 1

Додавање на текстури: File > Place Linked.

Додај ја сликата UNRESTRICTED – Digital Grunge Texture 11 над слојот со полнењето, и промени ја нејзината големина колку што е потребно.

Преименувај го слојот во BG Texture (Текстура на позадина), и употреби ги овие поставки:

Blend Modе: Color Dodge

Opacity: 30%

image071

 

Чекор 2

Одбери Image > Adjustments > Hue/Saturation, и промени ја вредноста на -100 (Saturation).

image073

Чекор 3

Одбери Image > Adjustments > Brightness/Contrast.

Прилагоди ги поставките како што е прикажано на сликата.

image075

Чекор 4

Додај ја сликата Film Grain над сите слоеви, и промени ја нејзината големина колку што е потребно.

Преименувај го слојот со текстура во Texture Overlay 1, иво менито на Blend Mode одбери Overlay.

image077

Чекор 5

Оди во Image > Adjustments > Levels, и промени ја Gamma вредноста на 0.70.

image079

Чекор 6

Додај ја сликата UNRESTRICTED – Digital Grunge Texture 16 над сите слоеви, и промени ја нејзината големина колку што е потребно.

Преименувај го слојот со текстура во Texture Overlay 2, во менито на Blend Mode одбери Soft Light и промени го процентот на транспарентност (Opacity) на 20%.

image081

Чекор 7

Оди во Image > Adjustments > Hue/Saturation, и во полето Saturation промени ја вредноста на

-100.

image083

  1. Градација на боја

Чекор 1

Додај Gradient слој над сите останати слоеви.

Креирај Transparent to Fill Color градиент исполна користејќи ги боите #6f6f6f кон лево и #000000 кон десно.

Промени го стилот на градиентот (Style) во Radial и размерот (Scale) на 200, и во менито на Blend Mode одбери Overlay.

image085

Чекор 2

Додај Brightness/Contrast слој, и промени ја вредноста на контрастот (Contrast) на 25.

image087

Чекор 3

Додај Photo Filter слој, и употреби ја бојата #ec9600.

image089

Чекор 4

Додај Color Balance слој, и употреби ги следните поставки:

Меѓутонови

Cyan/Red: 20

Magenta/Green: 12

Yellow/Blue: 12

image091

  1. Како да креираш „гранџ“ ефект

Чекор 1

Селектирај ја групата Text Effect, и кликни на Add layer mask иконата која се наоѓа на дното на панелот за слоеви (Layers panel) за да му додадеш маска.

image093

Чекор 2

Избери ја алатката Paint Bucket Tool, одбери Pattern во полето со опции (Options), и селектирај текстурата Полнење 15 (pattern fill 15). Доколку програмот не содржи некоја од горенаведените текстури и слики одбери некои слични на нив или некои кои повеќе ти се допаѓаат.

Селектирај ја маската, и кликни за да исполни со одбраната текстура.

image095

 

Чекор 3

За да се интензивира „гранџ“ ефектот, притисни Command-L за да го отвориш прозорецот Levels, зголеми ја вредноста на сенките (Shadows) за да ја затемниш текстурата на маската, со што ќе се интензивираат површините избришани од истата.

image097

Честитки за успешно завршениот туторијал!

 

Dizajn3

Овој текст е објавен во категоријата Дизајн и ги содржи следните клучни зборови: Brainster, brainster kariera, kariera, kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, tutorial, туторијал, курс за Photoshop, курс по Photoshop, kurs za Photoshop, kurs po Photoshop

Related Stories For You

Аплицирањето за ваучер заврши!