Во овој туторијал ќе научиш како да создадеш различни обрасци за банери, етикети и беџови кои ќе можеш да ги употребиш во сите твои идни проекти.
-
Креирај традиционален банер
Чекор 1
По креирањето на нов документ, со алатката Rectangle Tool (M) нацртај долг правоаголник.
Бојата на правоаголникот постави ја на (R=241, G=96, B=124).
Чекор 2
Нацртај уште еден правоаголник на крајот од првиот правогалник, така што новиот правоаголник ќе го поставиш позади првиот со притискање на командите Control-C, Control-B. Новиот правоаголник направи го потемен (R=221, G=47, B=97).
Чекор 3
Вклучи ја опцијата Smart Guides (View Smart > Guides) и постави anchor point(точка) во средината на левата страна на правоаголникот. Со помош на алатката Direct Selection Tool (A)помести ја додадената точка на десно.
Чекор 4
Селектирај ги двете креирани форми и направи нивна копија (Control-C, Control-F). Потоа во Pathfinder панелот притисни го копчето Intersect. Обои ја новата форма со боја R=196, G=14, B=66.
Чекор 5
И сега – трикот: со алатката Direct Anchor Point Tool (A) одбери две точки (anchor points) како што е прикажано на сликата подолу. Оди во Alignпанелот и притисни Vertical Align Bottom.
Ќе го добиеш ова:
Чекор 6
Одбери ја најтемната форма, десен клик на глувчето и одбери Arrange > Send Backward.
Чекор 7
Добро е тоа што веќе е влкучена опцијатаSmart Guides (View > Smart Guides). Наместо да ја повторуваш истата постапка за другата страна на правоаголникот, со помош на рефлексија ќе го постигнеш истото.
Селектирај ги двете темни форми (R=221, G=47, B=97 и R=196, G=14, B=66), не заборавај да го држиш копчето Shiftза да можеш да ги селектираш двете форми во исто време и притисни десен клик на глувчето. Потоа одбери Transform > Reflect and Vertical axis of reflectionво прозорецот кој ќе се отвори и притисни Copy. Помести ја новата копија на десно. Тоа е тоа!
-
Креирај заоблен банер
Чекор 1
Направи уште една копија (Control-C, Control-V) на овој банер и промени ја неговата боја во портокалова. Јас користам R=244, G=125, B=48 (портокалова), R=232, G=90, B=12(потемна портокалова) и R=207, G=77, B=6(најтемна портокалова). Но, се разбира, може да користиш било која боја.
Чекор 2
Групирај го целиот банер (десен клик > Group). Потоа одбери Effect > Warp > Arcи прилагоди ги опциите како што е прикажано на сликата подолу.
Чекор 3
Ајде да креираме заоблен банер, но во обратен правец.
Направи копија од портокаловиот банер и промени ја неговата боја во жолта. Осигурај се дека целиот банер е групиран. Оди во панелот Appearance и кликни на Warp: Arc . Во прозорецот кој ќе се појави во делот Bendвнеси вредност -50%. Подолу можеш да го видиш резултатот:
-
Креирај „зашиен“ банер
Чекор 1
Смени ја бојата на банерот користејќи ги следните вредности: R=179, G=30, B=59 (најсветла црвена); R=142, G=9, B=47 (потемна црвена); R=109, G=3, B=33 (најтемна црвена). Рашири го банерот со користење на алатката Selection Tool (V).
Чекор 2
Исцртај две бели линии со помош на алатката Line Segment Tool (\).
Чекор 3
Оди во панелот Strokeивклучи ја опцијата Dashed Line. Во првото поле внеси ја вредноста 4 pt.
Чекор 4
Стави испрекинати линии и назадните делови на банерот.
-
Креирај ЦИК-ЦАК етикета
Чекор 1
Со користење на алатката Ellipse Tool (L), нацртај сина елипса (R=34, G=188, B=185).
Чекор 2
Оди воEffect > DistortиTransfort > Zig Zag. Прилагоди ги опциите како што е прикажано на сликата подолу:
Чекор 3
Направи копија од оваа етикета, осигурај се дека креираната форма е селектирана и погледни во панелот Appearance. Кликни на Zig Zagи во делот Pointsнаместо Cornerодбери Smooth. Промени ја бојата R=163, G=165, B=16.
-
Креирај беџсо Pucker & Bloat ефект
Чекор 1
Земи ја алатката Polygon Tool и само кликни на работната површина (artboard). Во прозорецот кој ќе се појави внеси 20 кај бројот на страни на многуаголникот (sides) и притисни ОК. Промени ја бојата на многуаголникот R=138, G=37, B=41.
Чекор 2
Сега одбери Effect > Distort and Transform > Pucker and Bloat. Помести го лизгачот на десно додека не дојде до 9%, ОК.
Чекор 3
Тргни ја бојата на исполната(fillcolor). За бојата на линијата (stroke color) употреби ги вредностите: R=213, G=209, B=14.
Нацртај круг во внатрешниот дел, со користење на алатката Ellipse Tool (L), потоа во панелот Strokeвклучи ја опцијата Dashed Line. Во првото поле внеси ја вредноста8 pt.
-
Креирај беџ во облик на штит
Чекор 1
Со помош на алатката Rectangle Tool (M)нацртај правоаголник и исполни го со бојата R=243, G=115, B=33. Користејќи ја опцијата Smart Guidesпостави точка(anchor point) на средината на долната страна на правоаголникот со алатката Pen Tool (P).
Чекор 2
Со алатката Direct Selection Tool (A)помести ја надолу претходно додадената точка (anchor point).
Чекор 3
Притисни Effect > Warp > Bulge и прилагоди ги опциите во прозорецот кој ќе се појави како што е прикажано на сликата подолу.
Чекор 4
Постави го банерот креиран во Точка 3 пред новокреираната форма и види како ќе изгледа.
Чекор 5
Направи хоризонтален одраз на банерот: селектирај го целиот банер, десен клик на глувчето и притисни Transform > Reflect. Потоа одбери Horizontal (хоризонтално), ОК.
Чекор 6
Ако банерот е групиран, одгрупирај го(right-click > Ungroup). Постави ги соодветните делови во позадината(Control-X, Control-B).
Значи, во неколку едноставни чекори научи како да креираш различни банери, етикети и беџови. По потреба на креираните обрасци додади текст, со што имаш целосно дизајниран елемент. Браво!