Интернет маркетинг речник: поими кои мора да ги знаеш

Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Основни поими кои мора да ги знаеш:

1. Analytics (Аналитика)

Во дигитален маркетинг, аналитика е информација која произлегува од систематска анализа на податоци собрани од маркетинг активности, како e-mail маркетинг, Facebook реклама, A/B тестирање на лендинг страни или Google AdWords кампања.

2. CPA (Cost Per Action)

Метрика за мерење на ефикасноста на Интернет рекламна кампања. Земи ја вкупната цена за кампањата и подели ја со бројот на посакувани акции. Како резултат ќе ја добиеш цената за секоја акција на клиентот. Маркетерите во последно време го преферираат овој модел бидејќи медиумот кој ја објавува кампањата го сноси поголемиот ризик од успешноста на рекламата.

3. CPC (Cost Per Click)

Медиумот каде се рекламираш ти наплаќа само тогаш кога некој ќе кликне на самата реклама, а не кога посетителот ќе ја види рекламата. Така точно можеш да измериш колку пари те чини еден клик. Тука е вредно да размислиш на акциите што се случуваат по кликот: дали оние кои кликнале на твојата реклама го направиле она што ти го посакуваше? (купување, регистрација итн.)

4. CPM (Cost Per Mile) или CPT (Cost Per Thousand)

Стандардна единица за купување или продавање на интернет рекламирање. Буквата „М“ од кратенката (со римски бројки М = 1000, или mille – илјада на италијански) означува 1000 импресии или погледнувања на рекламата. Ако медиумот ви побара $5 CPM, тоа значи дека вие ќе треба да му платите $5 за секои 1000 прикажувања на рекламата.

5. CTR (Clickthrough Rate)

Колкав процент од оние кои го виделе линкот го притиснале.

6. Call-T0-Action

Која е акцијата која сакаш да ја изврши твојата публика? Од лајк, па до продажба, мора да внимаваш која е твојата комуникација.

7. SEO (Search Engine Optimization)

Процесот на правење на вашата веб страна и содржината релевантна за пребарувачот и за оние кои пребаруваат.

8. Blogging (Блогирање)

Од изразот „Web Log“ каде сопственикот на веб страната активно пишува на одредени теми со цел да ги информира корисниците или да привлече нови потенцијални корисници на неговите услуги или производ.

9. Conversion rate

Процентот на уникатни посетители на веб страната кои се „конвертираат“ во клиенти или се регистрираат на страната како потенцијални клиенти.

10. Дигитален маркетинг календар

Алатка која на Дигиталниот Маркетер му обезбедува структуриран и дисциплиниран начин на планирање и спроведување на сите маркетинг активности.

11. Google AdWords

Програмата управувана од страна на Google, која им овозможува на бизнисите кои сакаат да прикажат реклами на Google и на нивната мрежа. Апликацијата AdWords им овозможува на компаниите да постават буџет за рекламирање, а компаниите плаќаат само тогаш кога оние кои пребаруваат кликнуваат на линкот.

12. ROI (Return-On-Investment)

Акроним за „Поврат на инвестиција“. ROI претставува процент на добивка од одредена маркетинг активност. На пример, ако плаќаш 50 долари месечно за CPC рекламирање, а тоа доведува до 500 долари во профит, твојот ROI ќе биде 1000%.

13. Growth Hacking

Маркетинг техника која има за цел да привлече корисници со релативно низок буџет за маркетинг. Оваа техника ја користеше тимот на Brainster од самиот почеток кој со само една Growth Hacking техника успеа да аквизира 4300 регистрирани членови без ниту 1 долар во маркетинг.

14. Side Project Маркетинг

Техника со која бизнисите креираат алатки кои најчесто се бесплатни за користење. Овие алатки соодветствуваат со таргет групата на бизнисите. Целта е дел од корисниците на овие алатки да ги пренасочат на нивниот основен бизнис.

15. Guest Blogging

Гостинско блогирање е метода користена од блогери за да ја зголемат посетата на нивните блогови. Блогерите пишуваат текстови и ги објавуваат на други медиуми.

16. Keyword (Клучен збор)

Збор или фраза кој твоите потенцијални клиенти ја внесуваат во пребарувачот  за да најде некоја услуга или производ.