Ако ни ги гледаш објавите на сите канали и позади нив замислуваш некаков Brainster, време е да му ставиш име и презиме. Марија Јанеска е нашиот нов Social Media Manager, Growth Hacker и Content Ninja, а ова е приказната за тоа како стигна од Академија до вработување!

Уписите се во тек, види програма тука.

 

Кажи ни нешто повеќе за тебе, како почна да се занимаваш со маркетинг?

„Еј, ти си Мрмејд од твитер?“ Голем ентузијаст на пат да го промени светот, па најпрво тргнувам од себе и своите секојдневни предизвици. Сите се занимаваме со маркетинг, таму негде уште кога сфаќаме за сè околу нас. Долго време ги работев сите HR процеси во AIESEC. Во слободно време со нетрпение чекав да има некој проект за да досаѓам на маркетинг тимот затоа што тоа што го правеа беше супер предизвикувачки. По некое време се ротирав само кон маркетинг и направив Kick-Start на нешто ново и возбудливо. Веќе имав сработено неколку кампањи пред да ја откријам АкадемијатаЗаљубена сум во добар дизајн и ултра mind-blowing UX решенија. Цврсто верувам дека моќни пораки не се шират на испринтани флаери 🙂

 Зошто реши да станеш дел од Академијата за маркетинг?

Вредноста која ја има. Морам да признаам дека бев најголем фан на мејловите на Александра од Brainster, што стигaa во моето сандаче. Ги препрочитував по неколку пати. Иако имав маркетинг искуство, ги анализирав техничките аспекти и големата слика на самата програма од Академијата. Сфатив дека не сум целосен маркетер колку што треба да се биде, онака искрено пред себе. Мастер студии по дипломирање не влегуваа ни под разно во игра. По некоја логика, треба да започнеш да работиш нешто за да сфатиш дали тоа е вистинското за тебе, нели? Низ годините во AIESEC учев само преку практични ситуации, алатки и проекти. За мене тоа е најдобриот начин за било каква понатамошна кариера, а на Академијата добив и повеќе од тоа. По неколку разговори со Петар започнав на пракса, и еве ме ?

И, како си помина?

Ги запознав најдобрите инструктори. Нè учат работи кои ќе не издвојат од толпата, преку реални проекти. Освен тоа, не е идејата да излеземе само со плус некоја вештина. Целиот мисловен процес ни се смени, Академијава не тресна од земја. Очекувањата ми беа навистина големи, а добив три нивоа над тоа. Самиот концепт на Brainster функционира на начин што ги поврзува сите таленти од Академиите директно со партнерските компании. Нема поубаво чувство од тоа кога пред твои очи постојано се креираат нови успешни приказни! Јас сум тука да се потрудам светот да дознае за нив 🙂 Овие скоро 4 месеци, запознав и нови  прекрасни пријатели, со кои дружбата ќе продолжи и по Академијата.

Опиши ни еден твој работен ден! ?

Ухх..Прилично зафатен. Знаат да ми речат, прелесно ти е, работиш маркетинг, што има тука тешко? Јас креативниот дел на оваа работа го носам уште од дома. Било да е некоја идеја или нови good case practise. На работа извршувам, пропратно со сите останати активности. Гледам да сум што е можно поефикасна. Работата на еден маркетер е повеќе од само креатива, и секој ден имам некоја нова и различна задача, што за мене е одлично! Александра е мојот ментор што ме научи многу работи кои се уште ми се фасцинантни, и секоја прилика ја користам да учам нешто ново од неа, Петар и моите колеги ❤️️

Што е идеално за сите почетници во маркетинг? Мала или голема компанија?

Мала или средна компанија. Во компанија како Brainster, има моменти кои јас ги викам Side Hustles. Што значи ова? Секој има свои цели, но сите во секое време знаеме кој на каква ракета работи. А допрва имаме еден куп ракети за лансирање! Совршено за твој личен раст паралелно со растот на компанијата. Преубава атмосфера, што кај големите корпoрации е потешко да се постигне. Така што дечки, start small, собирајте знаење and then go big, really big! Нема да сокријам дека во иднина сакам да сум дел од еден голем Space Shuttle наречен Brainster ?

Сите идни маркетери треба да знаат дека..

Има нешто што се вика работата што ја посакуваш, но никогаш не си се испробал во неа и работата што веќе ја имаш но не си среќен. Ако маркетинг е ова првото за вас, како што беше за мене, go for it! Академијата за мене беше ролеркостер кој сè уште трае. Не го запирајте, не сакам да се симнам! Тајмингот не бил никогаш подобар да знаете по некоја дигитална вештина без разлика на професијата.

 

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

akademija