„Маркетинг алатка“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Цврстата дигитална маркетинг стратегија е, несомнено, камел-темелник на секој успешен бизнис. Но, како да стигнете до таму? SEO услугите се едноставно надвор од рамките на буџетот на многу стартап компании, а располагањето со тие податоци денес може да биде од огромно значење. Прашањето е како да ги трансформирате информациите во активности кои ќе ја зајакнат вашата дигитална маркетинг стратегија а воедно и ќе допринесат за исплатлива рентабилност (ROI)?
Одговорот е дефинитивно Intalyse. Штотуку основана годинава, по две години поминати во развој, Intalyse е тука да ги реши вашите проблеми со дигиталниот маркетинг – по цена која стартап компаниите би можеле да си ја дозволат. Овој унифициран маркетинг пакет, спакуван во cloud, ќе ве “бомбардира” со податоци и препораки за да бидете во тек со вашата онлајн маркетинг стратегија.
Популарни курсеви:
„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Карактеристики
Actions: Дознајте што не во ред со вашиот сајт и приоритизирајте ги работните процеси на сајтот. Пет основни секции – Архитектура, Содржина, Дупликација, Mark-Up и Перформанси – ќе ви ги дадат информации потребни за да го подобрите вашиот сајт и рентабилност.
SEO Crawler: Рачната проверка на вашиот сајт за непостоечки (прекинати) линкови е неверојатно досадно и одзема доста време. Дозволете intalyse да го направи тоа за вас, паралелно со постојните ревизии и анализи со цел полесно да им дадете приоритет на страните за подобрување.
Ranking Data: Добијте инстантни податоци на дневно ниво од Google и употребете ги истите за проверка на вашата стратегија за дигитален маркетинг како и за следење на десетици илјади клучни зборови. Најдобриот дел? Intalyse ви овозможува да ја мониторирате вашата конкуренција: Споредете ги вашите перформанси со тие на вашата конкуренција (максимум 10 дополнителни веб сајта) користејќи ги вашите клучни зборови.
Backlink Data: Избегнете непријатни ситуации со Google и останете во контрола на вашиот backlink профил преку спроведување на инстантни backlink проверки.
Social Metrics: Денес, социјалните медиуми се клучен дел од било која добра дигитална маркетинг стратегија. Користете го Intalyze за да проверите кој и што вели за вас на Twitter, Facebook, Pinterest, Reddit, Blogger, Tumblr и WordPress
Analytics: intalyse овозможува да се поврзете со вашиот Google Analytics профил. Оваа интеграција ви дава можност да генерирате извештаи за аквизиција, однесување и метрики на конверзација за секој даден период на време.
Заинтересирани
Доколку се уште сте во потрага за пронаоѓање начин како максимално да ги искористите податоците кои ви се на располагање за целите на дигиталниот маркетинг по прифатлива цена, тогаш Intalyse е правилниот избор. Цените за оваа алатка започнуваат од 99$ месечно.
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата