Што е “side project” и како да го искористиш најдобро?

Овој текст е дел од серијата 52 бесплатни лекции за Дигитален маркетинг напишани од експерти. Регистрирај се и добивај по една лекција неделно, директно во твоето e-mail сандаче.

Потребен ти е нов проект кој ќе привлече нови корисници, и публиката нема да го перцепира како маркетинг?

За истражувањето и пишувањето на статии кои твојата публика и потенцијалните клиенти ќе ги читаат – потребно е време. На некои компании, особено на стартапите овој ресурс им е ограничен.

Малку е иронично што во Блог статија пишуваме како блогирањето веќе не е толку ефикасно, но мораме да бидеме свесни за тоа и да се адаптираме.

Што ако блогирањето одзема многу време а рекламите веќе не носат резултати? Што ако на твојот бизнис му е потребна брза тракција за да преживее?

Дали постои алтернатива која носи брза тракција и резултати? ДА, алтернативата се нарекува „Side Project“ маркетинг. Нема точна дефиниција за терминот „Side Project“ маркетинг па еве еден реален пример.

 

Како да стартуваш „Side Project“?

Ќе се обидам да ти одговорам на ова прашање со анализа на реален пример за компанијата „Snappa“ .

Snappa.io е веб апликација која им помага на дигиталните маркетери да создадат и споделат високо-интерактивна визуелна содржина, претежно наменета за блогирање и објавување на содржина низ социјалните медиуми.

Корисниците на Snappa плаќаат $15 месечно за користење на платформата. За Snappa да ги продаде месечните пакети потребно е да ги донесе потенцијалните клиенти на својата платформа.

 

За таа цел тимот на Snappa како „Side Project“ ја има создадено „StockSnap“. StockSnap е платформа каде можеш да најдеш бесплатни сток фотографии. Но внимавај, не ти се потребни само посетители, туку потенцијални купувачи. Корисници на бесплатната алатка StockSnap се истите оние кои  ја користат и Snappa алатката. При користење на бесплатната алатка StockSnap, корисниците се препраќаат на Snappa каде лесно можат да додадат ефекти и филтри на фотографијата, текст, графички елементи па дури и лејери. Дополнително Snappa имаат многу добро осмислен „freemium“ за кој ќе зборувам во некоја наредна статија.

Моментално 75% од корисниците на Snappa доаѓаат директно од нивниот „Side Project“.

 

se

 

На што треба да внимаваш пред да започнеш

Пред да почнеш да размислуваш за „Side Project“ размисли – дали овој нов проект ќе и реши некој проблем на твојата таргет група? Дали ресурсите инвестирани во овој проект ќе се исплатат? Дали овие корисници би можеле да бидат твои клиенти.  Не го гледај твојот „Side Project“ само како shortcut за да направиш продажба. Наместо тоа создади вредност за корисниците прекукреирање на беспалтни алатки, веб страни, апликации и сл, вредност која е во согласност со твојата основна дејност без притоа да го изгубите главниот фокус.

Размисли како да направиш „Side Project“ во соработка со друга комплементарна компанија со која би ги поделиле трошоците а истовремено ќе креирате дополнителна вредност за двете страни.

Во денешно време е многу полесно да направиш „Side Project“ за разлика од пред неколку години. Постојат уште неколку причини зошто треба и ти да направиш нешто вакво:

  1. Создаваш дополнителна вредност за останатите.
  2. Ваквите проекти се освежувачки и возбудливи за твојот тим
  3. Го поттикнуваш креативното размислувње на твојот тим

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА