Пристигна новиот крал на визуелниот content маркетинг – Маркетинг алатка на денот #16

„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Живееме во ера во која content маркетингот може да биде една од неколкуте канали преку кои една компанија (читај стартап) може да постигне компетитивна предност, кој доколку правилно се искористи ќе биде многу тешко да се ископира со исти или слични резултати. Минатиот пат пишувавме за Canva, бесплатна дизајнерска алатка за content маркетинг која овозможува креирање на одлична визуелна содржина за многу брзо време. Но на пазарот се појави една нова апликација, која го прави истото што и Canva, но на подобар начин.
Snappa.io претставува веб апликација која им помага на дигиталните маркетери да создадат и споделат високо-интерактивна визуелна содржина, претежно наменета за блогирање и објавување на содржина низ социјалните медиуми.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Она што најмногу ја краси оваа алатка е интеграцијата на огромната база на прекрасни високо-квалитетни и пред се бесплатни фотографии на stocksnap.io кои може директно да се пребаруваат и употребат во дизајнот. Но пред да дојдеме до тој дел, Snappa ви овозможува да одберете еден од предефинираните големини.

Доколку немате идеа(и) за тоа како треба да изгледа вашата дигитална содржина или пак сте кратки со време, Snappa ќе се погрижи за тоа. Откако ќе одберете соодветна форма, оваа алатка ви нуди можност да одберете еден од многуте одлични шаблони.


Потоа, лесно можете да додадете ефекти и филтри на фотографијата, да додате текст, графички елементи па дури и лејери.
Откако ќе завршите, оваа алатка ви нуди можност да ја споделите вашата содржина со Buffer (а наскоро ќе има и интеграција со Facebook и Twitter) и да допрете директно до вашата публика!
Постојат неколку причини зошто сметаме дека оваа алатка е подобра алтернатива на Canva:

  • Помалку е повеќе: Поедноставен но подобар кориснички интерфејс
  • Трошокот и квалитетот на визуелната содржина: Canva знае да биде навистина “досадна”. Ова го велам од причина што оваа услуга има направено целосен микс помеѓу бесплатната и платената содржина, на начин што е некогаш навистина тешко да го најдете тоа што го барате, и притоа истото да е бесплатно.
  • Полесно прилагодување на шаблони: Snappa е дефинитивен победник во оваа категорија. Canva ви нуди неколку шаблони за избор, а доколку сакате некои од подобрите ќе треба да платите. Она што е исто така подобро кај Snappa е фактот што едитирањето на шаблоните е далеку поедноставно и со подобри резултати.
  • Графики: Snappa нуди можност за вметнување на графики (сликички) кои се атрактивни, интересни, релевантни и одлично се совпаѓаат во целосната визуелна приказна.

За крај, Snappa го трансформира начинот на кој дигиталните маркетери креираат и споделувааат визуелна содржина. Она што претставувало тежок и комплициран, сега ќе биде ефикасен и неверојатно лесен начин на современа визуелна комуникација.

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫