Запознајте ја Тијана Павлова – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Тијана Павлова

По професија: Инженер – технолог

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш човечки ресурси: Се сметам  себеси за посебно комуникативна, весела и грижлива личност, па можам да кажам дека токму овие 3 карактеристики се многу важни за еден HR менаџер.

Што те мотивира постојано да учиш: „Knowledge is power”, навистина верувам во ова. Меѓу другото, живееме во ера во која науката и информациите никогаш не биле во ваков обем и толку достапни, па сметам дека е нешто што ние младите генерации треба да го искористиме.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како правилно и креативно да го организирам сопственото време, плановите и обврските, притоа постојано мотивирајќи се за нешто екстра.

Омилен модул и зошто: Многу ми се допадна модулот за мотивација на вработените, но имам некое чувство дека сепак сѐ уште го немам пронајдено мојот омилен модул.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Навистина не можам да одвојам една личност, буквално сите инструктори досега беа прекрасни, и пред сѐ, на свој уникатен начин си ја испрезентираа својата област.

За 5 години сакам да бидам: The workaholic that I am! Шала на страна, навистина не знам што сакам да бидам, но се надевам дека ќе бидам HR менаџер во некоја компанија.

Хоби: Фотографирам со аналоген и дигитален апарат, трчам и возам ролерки на кеј, читам.

Омилена книга: Дело од Алберт Еспиноса “If you want me to come, I’ll drop everything, just tell me to come“  и серијалот книги со Хари Потер.

Омилен цитат: If you want to compliment me, compliment my brain.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!