Стефанија Митковска – Dream Team студент на Академијата за Човечки Ресурси

Запознај ја Стефанија Митковска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец октомври 2022.
Име и презиме: Стефанија Митковска
По професија: Наставник по англиски јазик
Академија: Академија за Човечки Ресурси
Зошто баш човечки ресурси: Бидејќи ова е професија која стана многу актуелна во последно време кај нас, и нуди многу можности за кариерен напредок. Исто така, она што го сакам кај HR е тоа што професијата постојано се менува и се стреми кон подобрување на работите. Без разлика дали се работи за нови стратегии за да им се помогне на вработените во нивниот развој, ефективни планови за обука, нови технологии и алатки за човечки ресурси или партнерство со менаџерите, со цел да се најдат начини за подобрување на процесите за да и се помогне на компанијата да го достигне својот потенцијал.
Што те мотивира постојано да учиш: Учењето нови работи ми дава чувство на достигнување, а чувството дека си постигнал нешто е еден од најдобрите мотиватори.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Ќе издвојам една фраза што ми остана врежана уште од самиот старт на Академијата: „Луѓето се највреден капитал на една организација“.
Омилен модул и зошто: Дефинитивно „мотивација на вработени“ бидејќи еден од најголемите предизвици со кои денес се соочуваат организациите е токму мотивацијата кај вработените. Успешните организации се стремат да достигнат ниво на организациска култура во која вработените ќе бидат високо мотивирани. Затоа што високо мотивирани вработени значи и висок степен на остварување на организациските цели.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Искрено, сите инструктори ми оставија голем впечаток, но еве ако морам да издвојам еден, тоа би била инструкторката Викторија Дамчевска. Нејзиниот стил на предавање лично на мене најмногу ми одговараше.
За 5 години сакам да бидам: Квалификуван HR професионалец со искуство во областа и развиени вештини и компетенции.
Хоби: Читање книги
Омилена книга: The Great Gatsby
Омилен цитат: “Impossible is for the unwilling.“
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!