Сандра Богдановска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси

Запознајте ја Сандра Богдановска – Dream Team студент на нашата Академија за Човечки Ресурси за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Сандра Богдановска

По професија: Економист

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Зошто баш човечки ресурси: Како личност која секојдневно има комуникација со голем број на луѓе и која сака да придонесува, да биде дел од нивниот развој, како и страста да им помагам на луѓето e најголемата мотивација да се одлучам токму за оваа Академија и со секој нареден модул сум сé повеќе сигурна дека ја донесов вистинската одлука. Притоа, знаењето кое го стекнуваме на Академијата ми помага да го надградам своето претходно знаење во областа на HR, како и да се стекнам со ново искуство и знаење, како во секојдневниот живот, така и на професионално ниво.

Што те мотивира постојано да учиш: Верувам дека колку повеќе учиме нови работи, стекнуваме нови знаења и вештини, толку и нашиот живот ќе биде поисполнет, а со самото тоа стануваме и посамоуверени, поспособни како и побогати за уште едно ново искуство. Сепак, можноста да се стекне ново знаење, како и возбудата што ја носи самиот предизвик секогаш може да ни помогне да се надградиме како индивидуи на професионално ниво.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Иако сè уште сме на почетокот на Академијата и има уште многу интересни теми кои треба да се опфатат, дефинитивно како најинтересна работа досега е користењето на алатките LinkedIn Recruiter Lite и Talent Insights на LinkedIn за пребарување и регрутирање на top talents.

Омилен модул и зошто: Со оглед на фактот дека досега имаме поминато неколку модули, сигурна сум дека допрва нè очекуваат уште многу интересни теми. Доколку е потребно да одберам, дефинитивно тоа би бил Модул 2: Регрутација, селекција и онбординг на вработени. Најинтересен – бидејќи платформите кои ги научивме на live часовите имавме прилика и практично да ги употребиме, а притоа се стекнавме и со нови техники кои во иднина ќе ни помогнат во лоцирањето на таленти.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се врвни професионалци во својата област и секој од нив придонесува за усовршување и надградување на нашето знаење. Навистина е тешко да се издвои само еден, но ако треба да изберам тоа би била Лилјана Секуловска. Најмногу би ја издвоила поради нејзиниот стил на пренесување на знаењето, уникатната способност и енергијата да го задржи во целост вниманието на live часовите, како и посветеноста кон студентите за постигнување на успех.

За 5 години сакам да бидам: Се надевам, HR професионалец кој ќе има позитивен импакт во животите на другите.

Хоби: Прошетки во природа, гледање филмови, слушање музика.

Омилена книга: „Почни со зошто“ од Сајмон Синек

Омилен цитат: “Learn as if you will live forever, live like you will die tomorrow.” — Mahatma Gandhi

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Како до 1.000.000€? 🤫