Наташа Л. Димитрова – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси

Запознај ја Наташа Л. Димитрова – Dream Team студент на Академијата за човечки ресурси за месец јуни 2023.

 

Име и презиме: Наташа Л. Димитрова

По професија: Социјален работник

Академија: Академија за човечки ресурси

Зошто баш оваа област: Работењето со различен профил на луѓе, разбирање, помагање и мотивирање во правилно насочување е нешто што отсекогаш ме исполнувало. Најголем предизвик гледам во тоа да бидеш медијатор помеѓу вработените и компанијата, преку креативни решенија помагање на вработените во нивниот развој и исполнување на своите капацитети, како и на компанијата да ја исполни својата цел.

Што те мотивира постојано да учиш: Живееме во еден динамичен свет во којшто учењето е нешто што нè одржува во чекор со предизвиците на модерното живеење. Надградувањето на своето знаење е награда само по себе.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Од Aкадемијата секако научив многу работи, а не сум сè уште ни до половина, но досега најголем впечаток ми има оставено важноста од начинот за давање на фидбек, како и начините за регрутација преку алатки како што е LinkedIn Recruiter Lite.

Омилен модул и зошто: Искрено тешко е да се одбере омилен модул од причина што секој е своја посебна приказна со своја убавина. Модулот за Управување со перформансите на вработените“ кој нè учи како да го извлечеме најдоброто од вработените, поврзаноста на задоволството на вработените со успехот на компанија, како и модулот за „Регрутирање, селекција и онбоардинг на вработени“ кој нè учи на најдобриот и најпрактичен начин за пронаоѓање на таленти, се тие што досега ми оставија најголем впечаток.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се вистински професионалци во својата струка и имаат различни, но, сепак, одлични пристапи во предавањата. Сепак, доколку морам да одберам, тоа би била Викторија Дамчевска, нејзиниот пристап при предавањата, интерактивните часови, нејзината несебична достапност до студентите ја прават посебна.

За 5 години сакам да бидам: За 5 години отсега се надевам дека ќе бидам искусен професионалец во областа на човечките ресурси.

Хоби: Пeшачење, читање книги.

Омилена книга: Тешко да се одбере, секоја книга може да допре до вас, зависно од вашата моментална емоционална ситуација. Силен впечаток ми има оставено книгата “Love You More“ – Lisa Gardner.

Омилен цитат: “Failure is success in progress.“

 

Уписите за следната група на Академијата за човечки ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!