Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #8

Во овој серијал на текстови тимот на Brainster споделува Growth маркетинг алатки и техники кои ќе ти помогнат во градењето на кариера како маркетер.

Овие 3 алатки и уште 47+ ги користиме на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster.

 

#1:  PointBlankSEO препорачано од Петар Ниновски, CEO на Brainster

Бесплатна екстензија за Chrome со која ќе можеш да провериш дали имаш broken links на твојот сајт. Ги пронаоѓа сите линкови и ти кажува кои функционираат, а кои не. Ти покажува и каде се наоѓаат, за да можеш да ги тргнеш и/или замениш. Можеш да направиш export на извештајот и да ги добиеш сите податоци во excel табела. Broken links влијаат многу лошо на SEO-то на сајтот, па екстензијава навистина може да ти помогне. Сега за сега одлично функционира, а на ликовите што ја имаат направено во план им е уште да работат на неа и да ја направат уште подобра.

marketing alatki

 

#2:  GradeMyAds препорачано од Марија Јанеска, дипломирана на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е алатка која ги анализира твоите Facebook Ads. Сѐ што треба да направиш е да кликнеш на опцијата „Grade My Ads“ додека си логиран од твојот бизнис профил. Чекаш минута – две и добиваш анализа на сите твои реклами – колку си потрошил, колку луѓе ги имаат видено и колку биле ефикасни. Ќе видиш дали е добра маркетинг стратегијата што ја имаш или треба нешто да менуваш. Супер е алаткава, уште не се наплаќа, па види ја и ако ти се допаѓа искористи ја до максимум.

marketing alatki

 

#3:  GoodSalesEmails препорачано од Емилија Здравковска студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Good Sales Emails е место каде што можеш да ја шпиунираш твојата конкуренција! Ок, не баш. Но, ти овозможува да видиш e-mail маркетинг кампањи од светски познати компании и да го следиш нивниот пример. Можеш да се инспирираш од нивните мејлови, или скорз да им го украдеш начинот на комуникација со клиентите. Можеш да направиш subcribe за сите, или за одредена компанија. Така ќе добиваш известување секогаш кога ќе направат промена во кампањата. Одлична алатка е за сите на кои им треба инспирација за пишување мејлови и за кои сакаат да променат нешто во својата e-mail маркетинг кампања.

marketing alatki

 

 

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #7.

Со љубов,

Tимот на Brainster.

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫