Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.
Brand24 препорачано од Петар Ниновски, CEO на Brainster
Brand24 e aлатка која ти дава нумерички и графички приказ колку е пребаруван твојот бренд. Можеш да ги анализираш резултатите по повеќе категории и ти ги листа и инфлуенсерите во твојата индустрија. Sign up-от е бесплатен, се доплаќа за upgrade-ната верзија, но обичната е сосема доволна за да знаеш во кој правец оди твојата маркетинг стратегија.
Hotjar препорачано од Александра Јанакиевска, CMO на Brainster
Уште една алатка за анализа на однесувањето на посетителите на твојата страна. Можеш да дознаеш што кликаат најмногу, што не ги интересира, по колку време се задржуваат на сајтот итн. Алатката ти дава скрипта која треба да ја вметнеш на твојот сајт, не треба да знаеш програмирање, само треба да направиш copy/paste – сѐ е објаснето детално. Откако ќе го направиш тоа имаш дел за Analytics и за Feedbacks. Moже да ти даде анализа и фидбек за целиот сајт или за некој специфичен дел кој те интересира.
Personal Profile е засекогаш бесплатна опција, додека Business и Agency се плаќаат зависно од опциите кои ќе ги одбереш.
Goodemailcopy препорачано од Емилија Здравковска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг
Самото име кажува – алатка која ти помага за креирање на добро copy. Може да пребаруваш по клучен збор или релевантен таг или компанија и ти се појавува листа од примери за пребараното. Од таму можеш да се инспирираш за содржината што ти би ја напишал или едноставно да го ископираш веќе напишаното. Ако имаш проблем со пишување copy обавезно провери ја оваа алатка, секако е бесплатна и не бара ни регистрации, ни креирање account.
Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #3.
Tимот на Brainster.