Во овој серијал на текстови тимот на Brainster ќе споделува Growth маркетинг алатки и техники кои можат да ти помогнат во градењето на твојата кариера како маркетер.

Amplitude препорачано од Александра, CMO на Brainster

Oва е алатка која ти го покажува однесувањето на корисниците на твојата апликација, можеш да видиш што најмногу ги задржува посетителите на твојот сајт или како да ги задржиш корисниците на долг рок. Дава анализа на најважните аспекти за развој на твојот маркетинг план. Има бесплатна верзија, која е сосема доволна за да ти се долови целокупната слика и да видиш што треба да смениш, а што не во твојата стратегија.

Growth маркетинг алатка

Еmblem препорачано од Марија Јанеска, дипломиран студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Со Emblem можеш да создадеш бренд за помалку од минута. Многу корисна алатка, која ако ништо друго ти дава идеја за да го осмислиш твојот визуелен идентитет. Можеш да го прикачиш твоето веќепостоечко лого или да си направиш ново со онлајн генераторот за лого на Emblem. Во секое време можеш да ги промениш основните елементи – лого, боја, типографија, модел, фотографија. Лесно е за користење, сѐ се прави само со кликање на маусот, а на крај изгледа како професионален тим да се погрижил за тоа. Се плаќа кога ќе завршиш со дизајнот, само ако сакаш да направиш download.

Growth маркетинг алатка

Fadfeed препорачано од Николина Цветановска, студент на Академијата за Дигитален Маркетинг

Ова е екстензија за Chrome која се користи за Facebook. Ти го преплавува News Feed-от со реклами и само реклами. Можеш да ги разгледаш, да се инспирираш од нив, да ги копираш и тестираш што би упалило во твојот бизнис. Многу може да ти помогне, посебно ако си нов во оваа област. Скриптата престанува со работа со рефреширање на страната и е бесплатна за симнување.

Growth маркетинг алатка

Погледни ги и претходните Growth Маркетинг алатки и техники за 2018 #2.

Tимот на Brainster.

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.