Гостински текст: Како правилно да започнеш UX дизајн проект?

Почнуваме серија гостински текстови од областа на UX/UI дизајнот со Лазар Николов – софтверски инженер во компанијата Code Chemistry.

Во продолжение, совети од Лазар Николов на тема „Како да започнеш UX дизајн проект?”

Најчестото поставувано прашање од страна на дизајнерите кога започнуваат нов проект е „Како да почнам?“. Постојат многу грешки што многумина ги прават при започнување на нов проект, како на пример, почнуваат со дизајнирање на навигацијата и топ-левел структурата на сајтот, или трошат време смислувајќи фини детали, како на пример боја, сенка, hover/click ефекти итн.

Во овој блог пост ќе научиш трикови и методологии што ќе ти помогнат побрзо и поефикасно да работиш на својот дизајн.

Почни со feature, не со layout

Не го троши времето на почетокот да размислуваш каква ќе ја направиш навигацијата, или футерот, или кои илустрации ќе ги користиш. Почни со главната функционалност на продуктот што го дизајнираш. За што служи тој? Доколку е апликација за правење резервации во некој ресторан, направи ја формата за резервација најпрво. Доколку е онлајн продавница, направи го листањето на продуктите. Откако ќе ја направиш главната функционалност, можеш да преминеш на наредните функционалности.

Заборави на боите

Во почетната фаза на дизајнирање, пробај да дизајнираш во low-fidelity. Заборави на боите, сенките и фините детали. Направи го првиот главен feature наједноставно што можеш.

Направи неколку верзии и варијанти на тој feature. Доколку имаш проблем со игнорирање на деталите, бидејќи работиш во high-fidelity средина како веб прелистувачот или дизајн алатката, пробај да дизајнираш на лист од хартија. На тој начин нема да ги гледаш сите ултра фини детали и да посакаш веднаш да ги вметнеш во твојот дизајн.Дизајнирај во циклуси

Од сите верзии и варијанти на одредениот feature, избери ја онаа која најдобро ти изгледа и веднаш „оживеј“ ја. Како ќе ја „оживееш“? Напиши ја во код! Доколку дизајнираш форма, не размислувај каде ќе се покаже пораката за грешка, како ќе изгледа валидацијата итн. За време на „оживувањето“ ќе сретнеш многу дизајн проблеми и ќе откриеш многу edge случаи. Но, многу полесно е да се поправат таквите проблеми и случаи во веќе жива средина, отколку во апстрактната средина во твојата глава. Веќе сретна проблем? Реши го во дизајн и испрограмирај го пак. Сретна друг проблем? Назад кон дизајнирање, реши го и испрограмирај го. Работи во циклуси!

Кога дизајнираш нов feature, мисли дека ќе биде многу тешко да се имплементира. Така ќе се ограничиш од споредните функционалности и ќе се фокусираш само на главните функционалности.

Можеби дизајнираш систем за коментирање на блог. Дали е неопходно веднаш да има поддршка за прикачување на фајлови? Дали корисниците ќе бидат ограничени доколку нема таква поддршка? Не! Затоа функционалноста File Upload ќе ја третираш како „nice-to-have“ и ќе ја планираш за некоја наредна верзија.

Доколку размислуваш вака ќе се фокусираш само на најбитните делчиња од тој feature и за брзо време ќе ја комплетираш првата верзија. Во секој случај, систем за коментирање без поддршка за прикачување на фајлови е подобар од никаков систем за коментирање.

Се надевам дека научивте нешто повеќе. Доколку ве интересираат повеќе вакви содржини ќе може да ги читате на блогот на Brainster или да ме следите на Instagram или на LinkedIn.

Related Stories For You