За сите веб блогери или веб девелопери, овој плагин најверојатно ќе ги реши вашите маки за брзо прикажување на веб галерија на вашиот вебасајт.

Исто така, ако често користите фото галерии за прикажување на содржина во вашите блог постови, сега ќе може да вметнете цели Facebook албуми.

Значи, наместо да сечете, оптимизирате, прикачувате на веб сервер, сè што ќе треба да направите е да ги поставите вашите фотки во албум на Facebook страна и целиот албум да го вметнете на вашиот вебсајт.

Компанијата EmbedSocial направи плагин што ќе ви овозможи со само еден copy/paste потег да вметнете цел Facebook албум на вашиот вебсајт.

facebook-album-plugin

 

Во последните 2 месеци бесплатната верзија веќе ја користат над 85000 вебсајтови, а пред неколку недели е понудена и ПРО верзија наменета за професионални веб девелопери. ПРО верзијата е целосен веб сервис кој на корисниците им нуди кориснички профил во кој ќе можат да менаџираат неограничен број на албуми и да ги персонализираат зависно од изгледот на нивната веб содржина.

Плагинот е објавен на Product Hunt и во тек е акција со 50% попуст за ПРО верзијата со искористување на кодот product.

Основачот на EmbedSocial, Никола Бојков ги охрабрува сите заинтересирани да се вклучат во директна дискусија и да му помогнат на тимот со предлози за подобрување на овој плагин или пак за изработка на нови плагини што ќе станат дел од нивната EmbedSocial платформа, која во моментов нуди 4 иновативни веб сервиси.