Студиото кое што ќе ти ја направи средината поинспиративна

“GET INSPIRED EVERYDAY” e слоганот на Frame This. Ова е проект на мало дизајн студио во Скопје коешто со нивните постери сакаат да ja инспирираат домашната или работната средина.

Здружен со девојка му и брат му, креативецот Јане Димески го започна овој проект.

“Барав начин како можам да избегнам креирање дигитален продукт и да креирам физички прозивод. Иако е дизајн, да биде нешто што би можел да го купиш и добиеш дома.” — вели Јане.

Желбата за дизајнирање физички производ го натера тимот да почне да дизајнира инспиративни постери. Постери, кои се наменети за стартапи, млади луѓе и интериор дизајнери.

DSC04338

Јане Димески — ко-основач на Frame This

Во почетокот на Frame This, студиото размислуваше за принтање и пакување на постерите во Македонија. Знаејќи дека Македонија е мал пазар, овој пристап покажа дека нема да биде исплатливо печатењето на квалитетни постери и ќе има големи трошоци за испорачка надвор од Македонија.

Затоа студиото оствари соработка со Big Cartel– платформа за поставување на online продавници за креативни бизниси и артисти- и Printful, компанија за принтање на сопствен дизајн и нивна испорачка.

Првите кои ја подржаа иницијативата беа самите Big Cartel кадешто првите посетители дојдоа од објавите на самата платформа. Засега најголемиот број на клиенти се во САД и Канада, со најголеми порачки од регионот поврзан со стартапи, Калифорнија.

“Како студио не сакаме да креираме постери со цитати коишто ги гледаш на секој чекор, туку да споделиме несекојдневни цитати ”— вели Јане.

Постерите се со минималистички дизајн од автори кои не се mainstream. Самите избрани цитати и автори ги промовираат вредностите на независно дизајн студио со алтернативни и инспиративни производи.

Еден од најпопуларни постери е со цитат “Buy the ticket- Take the ride”. Самиот автор на овој цитат, Hunter S. Thompson има влијаено на луѓето кои се дел од Frame This.

Hunter_S_Thompson_MockUp

Еден од новитетите на студиото е постер со цитат на Gary Vee којшто наскоро ќе биде пуштен во продажба.

Знаејќи ја големата цена за испорачка во Македонија, студиото посоветува да се контактира доколку некој е заинтересиран за нивните постери.

Самиот Јане, ко-основачот на Frame This го посетува Funky Coworking Friday затоа што тука е опкружен со креатори. Funky Coworking Friday му овозможува простор кадешто ја раздвижува креативноста еден ден во неделата. Oвој настан му дозволува да сработи, но и да запознае извонредни луѓе кои што нема да ги сретне на друго место.

————-

 medium.com/@funkycoworking

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА