Веќе секој мал или голем бизнис е присутен на Facebook.

A oна што е заедничко за бизнисите и социјалните мрежи е дека и двете страни сакаат да ги достават релевантните содржини на корисниците и да остварат профит!
Формулата е едноставна: одбери таргет публика, лоцирај ја, креирај добра реклама, пласирај ја на публиката, мери, оптимизирај, и гледај како твојот бизнис расте. Но, примената баш и не е така едноставна како што звучи. Правилното водење на социјалните мрежи и рекламирање на истите е збир на обиди, тестирање, и упорност, а во Brainster, Дино Хоџиќ со 6+ години искуство важи за експерт за Facebook рекламирање.

Со огромно искуство и супер кул карактер, Дино е еден од  инструкторитe со кои едвај чекаме да се запознаеш.
Ако сакаш во 4 часа да се запознаеш со Facebook рекламирање и да научиш техники за самостојно да ја зголемиш продажбата, го препорачуваме PopUp Курсот: Boвед во Facebook  рекламирање.

Кој е Дино и со што се занимава?

Професионално, Дино се занимава со сè и сешто од светот на он-лајн маркетинг, но најголемо внимание му посветува на Facebook и Instagram рекламирањето. Советување клиенти за нивното онлајн присуство и првиот мој PopUp курс во Brainster се новост од последниот пат кога зборувавме, додека развивање, водење и анализа на кампањи е секојдневие.
Приватно, слободните моменти ги поминувам со најблиските, и се трудам да ги максимизирам моите денови поминати возејќи сноуборд. 🙂

Веќе речиси секој бизнис ги користи социјалните мрежи за прикажување реклами за она што го продава. Која е придобивката за бизнисот, што Facebook рекламирањето ја носи?

На Facebook има 2.32 милијарди активни корисници месечно. Можноста да се стигне до милиони, дури и билиони луѓе со само неколку кликови е една од силните страни што ја има Facebook како платформa за рекламирање, а тоа што се добиваат инстантни резултати по релативно ниски цени е бонус. Исто така, голема предност во споредба со „традиционалниот” маркетинг е тоа што тука ние имаме целосна контрола над буџетот, и не ни требаат огромни суми за да лансираме кампања. Едноставно кажано – да се лансира кампања, и рекламата да стигне до вистинските луѓе е најбрзо, најлесно и најефтино со Facebook реклами.

За кого е наменет PopUp Курсот: Вовед во Facebook рекламирање и што можат учесниците да очекуваат дека ќе научат од 4 часовната работилница?

Овој PopUp курс е наменет буквално за сите кои што сакаат да навлезат во светот на Facebook рекламирање, но не знаат од каде да започнат. Не е потребно никакво предзнаење за овој курс – сè што е потребно е лаптоп и Facebook акаунт. Учесниците кои ќе присуствуваат ќе се запознаат со главните можности кои Facebook рекламирањето ги нуди, и ќе бидат подготвени самите да лансираат кампања.

Она што ни го откри во разговорот е дека само во изминатиов период за твоите клиенти имаш креирано реклами во вредност од над 500,000€. Какво е чувството да располагаш со таков буџет и да работиш на толку високо ниво?

Чувството е исто при лансирање реклама со буџет од $5 или од $500 на ден, разликата се забележува кога ги анализирате резултатите, и гледате дека сте допреле до повеќе луѓе од бројот на жители една мала држава. Сепак не се добива чувство на “успех” од буџетот и средствата инвестирани, туку од успешно завршени кампањи. 🙂

Погледнете ја програмата за PopUp курсот: Вовед во Facebook рекламирање овде.

Како до 1.000.000€? 🤫