Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата UX/UI Design. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Премногу информации, барања, желби и различни мислења. Во денешниот свет, преплавени сме со непотребни информации. Честопати тоа што е понудено изгледа безвредно и бескорисно.
Паралелно, ни изгледа дека имаме сѐ помалку време, сѐ се случува брзо, па зошто би го трошеле нашето време на непотребни работи? Имаш вебсајт, апликација, продукт. Некако си успеал да “украдеш” малку време од твој потенцијален корисник. Постои и трет предизвик. На твојата платформа не смее да има размислување.
Ова се четири принципи кои можат да ти помогнат:
1. Не ме терај да размислувам
Кога ќе погледнеш во Web страната, треба сѐ да биде јасно. Треба да биде самообјаснувачка. Ако твојата публика треба многу да размислува, ја правиш несреќна. Луѓето не сакаат да ја третираат твојата апликација како криптографски час. Kорисникот сака да знае што може да направи веднаш. Што повеќе ги тераш луѓето да размислуваат, поголема е веројатноста да го бараат истото нешто на друго место. Намали ги што е можно повеќе непотребните информации и правила, бидејќи никој не ги чита. Тоа нѐ води до следниот принцип:
2. Луѓето скенираат и прифаќаат работи по default
Колку пати имаш прочитано долг текст од почеток до крај? Ретко, освен во случаи кога нешто навистина ти значи. Тоа е во ред, не мора сѐ да прочиташ од почеток до крај, затоа што голем дел од информациите се непотребни и се повторуваат. На голем дел од страните, корисникот е заинтересиран само за одреден дел, затоа и скенира. Кога дизајнираш страна, мислиш дека твоите корисници детално ги разгледуваат сите опции и ја прифаќаат најоптималната? Ретко. Реалноста е дека не ја избираме најдобрата опција, туку првата разумна понуда – satisficing strategy.
3. Дизајнирај за скенирање, не за читање
Креирај web страни со јасна визуелна хиерархија. Колку е поголема важноста на нештата, толку поистакнати треба да бидат. Конвенциите се твои најдобри пријатели. Текстот под сликата треба да опишува што има на неа, а ако е уште помал, тоа ни кажува кој е авторот. Web-от исто така има свои “непишани” правила:
- Логото “треба” да биде позиционирано најгоре, лево.
- Копчиња за социјални мрежи во футер
- Search bar во nav bar
Клучниот момент тука е дека луѓето се навикнати на одредени правила, и при менување на истите, можат да наидат на отпор. Oд време на време треба да се биде иновативен, да видиш што работи подобро. Сепак, искористи ги предностите на веќе добро користените конвенции.
4. Избриши ги непотребните зборови
Елиминирај го Small talk-от. Си прочитал некогаш упатство за користење? Си ги погледнал некогаш “I agree to terms and conditions”? Нормално дека не. Луѓето не сакаат предолги воведи и објаснувања. Кој чита реклами? Happy talk e како small talk – content free, само начин да бидеш социјален. Веб корисникот нема време за small talk, тој веднаш сака да го добие тоа што го интересира.
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.